fbpx

Два часа го држел своето дете на нишан за да спречи полициски претрес

-

Жител на скопски Раштак два часа го држел сопственото дете на нишан, заканувајќи им се на полицајците дека ќе стрела со пушката во него, а потоа и во нив, доколку влезат во неговата куќа за да извршат претрес.

По двочасовни преговори, Д.Ѓ. (43) му дозволил на еден од полицајците да влезе во куќата, по што бил совладан и приведен. Против него, како што информираа од полиција, поднесени се кривични пријави за недозволено држење оружје и распрснувачки материи и за спречување службено лице во вршење службено дејство, за што од судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По влегувањето на полицаецот во куќата, во првиот момент кога Д.Ѓ. се оддалечил од сопругата и од детето, бил совладан, по што бил извршен претрес и биле пронајдени три пушки од различен калибар, автоматска пушка од непозната марка и калибар, револвер од непозната марка и калибар, пиштол, две воздушни пушки и разни видови муниција.
„Тој, во деведесеттите години, двапати бил кривично пријавен за извршени две тешки кражби, поседува дозвола за пиштол и за пушка, а во разговорот одби да даде појаснување од каде и како се набавени оружјето и муницијата во неговиот дом“, информираа од полиција.

Драмата во куќата на Д.Ѓ. се одвивала на 2 јануари, кога полицијата дознала дека тој во својот дом чува поголемо количество оружје и муниција. Кога полициските службеници пристигнале пред неговиот дом и затропале на влезната врата, на еден од прозорците се појавил тој со својата сопруга и со малолетното дете, кое го држел в раце. Ја вперил пушката кон полициските службеници и им се заканил дека ако се обидат да влезат, ќе стрела и во нив и во сопственото дете, по што со мебел ги забарикадирал двете влезни врати од куќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...