Државниот матурски одбор го прифати предлог-моделот за државната матура

Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Државниот матурски одбор го прифати предлогот државната матура да се состои од четири испити, односно два екстерни и два интерни и проектна задача, информираше Министерството за образование и наука. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог-концепција.

„На денешниот онлајн состанок, министерката за образование и наука, Мила Царовска и претставниците на одборот, меѓу кои и претставници од Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар, истакнаа дека со ваквата концепција на полагање не се нарушува квалитетот на матурата, се задржува стандардот, и е во интерес на сите матуранти“, велат од МОН.

Вчера од ресорното министерство истакнаа дека е прифатливо компромисното решение за начинот на полагање на државната матура, коешто го прифати Сојузот на средношколци.

Од Сојузот пак, потенцираа дека до Владата ќе испратат уште три услови за прифаќање на овој предлог.