fbpx

Дождовите засега не предизвикуваат проблеми во Охрид

-

Вчера и изминатата ноќ, наврна големо количество дожд, а на повисоките места снег, но сепак, засега, тоа не предизвика поголеми проблеми во Охрид и во Охридско. Од Центарот за управување со кризи во Охрид, информираат дека во изминатото деноноќие немало пријави од граѓани.

– Нема попречувања во сообраќајот. Водните ресурси се зголемени со оглед на количеството дожд што наврна вчера, но нивниот водостој е далеку од ризичната точка. И во Струга, иако има снег, нема регистрирани проблеми во сообраќајот – појаснува раководителот на Центарот, Митко Темелковски.

Кусите прекини во снабдувањето со електрична енергија, кои беа предизвикани од синоќешните грмежи, како што информира тој, „ЕВН Македонија“ ги санирала уште ноќеска.

Водостојот на Охридско Езеро деновиве постојано се зголемува како резултат на поволниот хидролошки период во кој има интензивни врнежи до дожд.

Како што информираат од хидролошкото одделение во Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерската вода во саботата било за 37 сантиметри над нултата кота, во текот на вчерашниот ден се зголемило за еден сантиметар, а од вчера до утрово е за цели 42 сантиметри над нулата и се наоѓа на 693,59 метри надморска висина.

Зголемување на водостојот на Охридско Езеро, како што појаснуваат хидролозите, се очекува и во текот на наредниот период поради зголемените водостои на реките што се влеваат во езерото, како и поради површинските и подземните извори.

Во текот на изминатите 24 часа, во Охрид наврнаа 27 литри дожд на еден метар квадратен. Според синоптичарите, и денеска ќе има повремени врнежи од дожд, во повисоките места од дожд и од снег, а на планините – снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и во северните делови од земјава.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...