Дождот помогна – сите тешки пожари во земјава се изгаснати

Во земјава се активни само неколку помали пожари со кои надлежните ќе се справуваат во текот на утрешниот ден

-

Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (цук). Во земјава се активни само неколку помали пожари со кои надлежните ќе се справуваат во текот на утрешниот ден.

Во последните 24 часа во земјава имаше 42 пожари на отворен простор, од кои 11 беа активни. Гореше борова шума во Општината Македонски Брод во резерватот Јасен, букова шума и ниска вегетација на Галичица во Општините Ресен и Охрид, мешана шума во Дебар во селото Гари на планината Стогово, како и високо квалитетна дабова шума во Општина Чашка во селото Мокрени.

Денеска активни беа пожари и во Општината Долнени во селото Дебреште, во Општина Кичево во селото Цер на планината Лубин, во Општина Пласница, Општина Долнени во селото Небрегово, во Општината Пробиштип во селата Неокази, каде горат борова шума и сончеви панели и селото Трипатанци и во Општина Маврово-Ростуше, во селото Врбен каде гори мешана шума.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...