fbpx

Доналд Туск се очекува неделава да стане новиот полски премиер

Неговото назначување на премиерското место ќе стави крај на осумгодишното владеење на националистичката популистичка партија Право и правда

-

Доналд Туск се очекува да стане премиер на Полска неделава, речиси два месеца по парламентарните избори на кои мнозинството им беше предадено на сојузот на опозициските партии. Неговото назначување на премиерското место ќе стави крај на осумгодишното владеење на националистичката, популистичка партија Право и правда, пишува Гардијан.

Алијансата предводена од Туск освои јасно мнозинство на парламентарните места по гласањето на 15 октомври, но полскиот претседател Анджеј Дуда, инаку сојузник на партијата Право и правда, првата шанса за формирање влада му ја даде на актуелниот премиер Матеуш Моравјецки, што нашироко се сметаше за тактика на одложување.

Моравјецки денеска треба да ја претстави новата влада пред Сејмот – Долниот дом на полскиот парламент, по што ќе следи гласање за доверба, кое се очекува да не успее.

Сејмот потоа треба да номинира свој кандидат, при што се очекува тоа да биде Туск кој ќе ја претстави својата влада утре.

По интензивните преговори меѓу потенцијалните коалициски партнери, веќе е договорен кабинет, пишува Гардијан.

Туск, сепак, ќе се соочи со бројни предизвици. Широката коалиција пред себе има незгодна економска ситуација за управување и буџет кој треба да биде донесен пред крајот на годинава.

Право и правда ќе остане најголема самостојна партија во парламентот со 194 од 460 места во Долниот дом.

Оваа партија победи на парламентарните избори во 2015 година и оттогаш започна програма која комбинира „дарежливи“ социјални политики со популистички политики насочени кон мигрантите и ЛГБТИ луѓето. Полската влада се судри со Брисел околу прашањата за владеење на правото, што доведе до замрзнување на милијарди евра наменети за Полска.

Туск беше полски премиер помеѓу 2007 и 2014 година, пред да ја напушти домашната политика за да стане претседател на Европскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...