Доделени 596 стипендии за ученици Роми и поддржани 47 основни училишта

-

Вкупно 596 стипендии се доделени на ученици Роми запишани од прво до четврто одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“, финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија, заедно со Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор.

„Право на стипендија имаа ученици Роми чии семејства се приматели на социјална помош, поврзана со приходите на семејствата и кои ја обновуваат стипендијата доделена во учебната 2020/2021. Стипендистите доаѓаат од 73 основни училишта од 31 општини, 51% се девојчиња и 49% момчиња. Преку стипендиите се намалува финансискиот трошок на ромските семејства поврзан со школувањето на нивните деца“, се наведува во соопштението на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Стипендиите се доделуваат на период од една учебна година, во висина од 400 евра годишно, а нивното задржување и обновување зависи од редовноста на децата на часови. Стипендијата е наменета за покривање на трошоците за школување на децата, храна, облека, училиштен прибор и материјали, спортска и друга опрема за воннаставните активности на децата.

„Во текот на првото полугодие од оваа учебна година 47 основни училишта, каде учат стипендисти на проектот, спроведуваа воннаставните училишни активности, кои преку игра и заедничко учество ја поттикнуваа интеракцијата и размената на знаење помеѓу учениците и интеграцијата на учениците Роми“, информираат од Фондацијата.

Инаку, училиштата добија поддршка од проектот од 2.500 евра по училиште, која вклучува дидактички материјали, училиштен прибор, спортски реквизити, училиштен мебел, библиотечен материјал, опрема, материјали за уредување на училишните дворови, како и мали адаптациони работи за уредување креативни и пријатни училишни катчиња за учење и дружење на децата, родителите и наставниците.

Двајца загинати откако мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост

Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc), на кој...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Двајца загинати откако мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост

Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc),...