fbpx

Дизелот и маслото за домаќинство поевтинуваат

Од ноќеска на бензинските пумпи, Еуродизел БС ќе се продава за 77 денари за литар, додека екстра лесното масло ЕЛ-1 ќе чини 75,50 денари за литар

-

Дизел горивото од ноќеска поевтинува за половина денар за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтини за еден денар, информираа денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од ноќеска на бензинските пумпи, Еуродизел БС ќе се продава за 77 денари за литар, додека екстра лесно масло ЕЛ-1 ќе чини 75,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините нема да се менуваат, така што Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 80 денари за литар, а бензинот со 98 октани ќе чини 82 денари за литар. Мазутот М-1 од ноќеска ќе чини 42,773 денари за килограм.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,158 отсто, кај дизелот има намалување за 0,807 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,158 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,035 отсто“, информираат од РКЕВУ.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Притвор за таткото на убиената Вања, за Палевски истрага за убиство и грабнување

Вечерва 48-часовен притвор доби петтоосомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. „Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и...