fbpx

Директорот на М-НАВ: Вработените се замаени, вчерашниот упад бил мало кошкање

Од Синдикатот на контролори на летање денеска го повторија предупредувањето дека ќе стапат во генерален штрајк на 10 јануари доколку владата не го исполни ветувањето за разрешување на целокупното раководство на М-НАВ на следната владина седница

-

Директорот на М-НАВ и претседател на управниот одбор, Фахрудин Хамиди денеска изјави дека безбедноста на авиосообраќајот во земјава не била, ниту пак ќе биде загрозена. Тој тврди дека постојано е под напади од претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, поради како што тврди, негови лични идеи.

„Репутацијата е доведена во прашање поради клевети дека ништо не чинело. Безбедноста не е нарушена, ниту ќе биде нарушена. За жал, колегите излегоа зад него, иако добро ги разбирам, бидејќи на крајот ќе застанат зад него иако се замаени во случајов“, изјави директорот Хамиди, обвинувајќи го Тасевски дека самиот тој бил непотизам оти неговиот татко додека бил началник, тој се вработил, а и брат му е вработен како контролор.

Хамиди на денешната прес-конференција се пофали со успеси во работењето на актуелното раководство на М-НАВ, додавајќи дека идната недела ќе се тестира новиот систем за навигација, по што истиот ќе биде пуштен во употреба и ќе биде двигател во работењето на авиосообраќајот во наредните 30 години.

Во однос на вчерашниот инцидент со нападот на контролор на летање на работното место од страна на група неовластени лица кои влетале во објектот, директорот Хамиди вели дека вчера се случил немил настан и дека тоа било само „мало кошкање“.

Тој денеска рече дека нема намера да си поднесе оставка, иако од владата уште синоќа најавија дека сите директори и членови на управниот одбор на М-НАВ ќе бидат сменети веќе на наредната седница на владата на 9 јануари.

Од Синдикатот на контролори на летање денеска го повторија предупредувањето дека ќе стапат во генерален штрајк на 10 јануари доколку владата не го исполни ветувањето за разрешување на целокупното раководство на М-НАВ на следната владина седница и ако не се расчисти до крај вчерашниот инцидент со упадот на неовластени лица во контролата на летање на скопскиот аеродром. Синдикалецот Александар Тасевски денеска беше примен и во Делегацијата на Европската Унија во Скопје на разговор за настаните во М-НАВ.

По упадот во контролната кула на М-НАВ: Револт, приведувања и најави за разрешувања

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европска недела на имунизација: Слушајте ги научниците, а не дезинформациите

Во Градскиот парк во Скопје денеска се одбележа Европската недела на имунизација, со повици за поголема вакцинација. Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека повеќе од 50 години вакцините кои ги примил...