fbpx

Димовски: СДСМ со Заев се претвори во клуб на озборувачи кои работат против државните интереси

-

„Јасно е веќе и за најтврдокорниот поддржувач на СДСМ кој ги слуша овие креирани материјали, дека Вашето сценарио за дестабилизација пропадна, дека немате никаков аргумент за наводен сторен криминал и дека под Ваше водство СДСМ се претвори во клуб на раскажувачи и озборувачи, кој работи спротивно на интересите на државата“, рече меѓудругото Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата што се одржа денеска попладне, како реакција на аудиоснимките од прислушуваните разговори, што лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ги објави пред Владата.

„Ниту еден креиран, сечен и монтиран материјал тоа не може да го промени. Вашата политика носи само штета на граѓаните, на сите, и на целата држава. Граѓаните го видоа тоа. Илјадници и илјадници излегоа на улиците на најголемиот политички собир во демократската историја на Македонија пред Собранието, за да Ви покажат дека нема да дозволат Вашето сценарио за дестабилизација да се реализира до крај. Готово е. Ќе мора да го прифатите тоа. Колку и да се обидувате со Вашите неточни воведи да ја манипулирате јавноста и да пробувате да ја насочувате да размислува како што вие во СДСМ сакате и посакувате да ги осилувате вашите сопартијци, сè повеќе станува јасно и од вашите креирани и сечени материјали, како овие денешниве, дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои работат за својата земја и за својот народ – рече Димовски.

Според него, аеродромите што ги изградила владејачката гарнитура на чело со ВМРО-ДПМНЕ, „големите и мали хидроцентрали, странските инвеститори што отвораат фабрики и реализацијата на повеќе од 2.000 проекти“ се доказ дека сето она што го говори лидерот на опозцијата е неточно.

„Нашиот народ е мудар и Ве прочита и Вас и вашите медиуми. Безброј пати го излажавте и го изманипулиравте, а тој народ памети, памети сè, повеќе од тоа што Вие можете да замислите и претпоставите. Господине Заев, Вашата политика и стратегија нанесе голема штета и пакост на Македонија. Вашата политика нанесе штета на меѓународниот углед на државата, на стопанската активност на претпријатијата, на меѓучовечките односи, на довербата помеѓу граѓаните од различни етнички и религиозни групи. Секој граѓанин на Македонија ја плаќа цената на Вашата желба за власт. Таа одговорност ќе си ја носите со Вас, и Вие и тие што Ве поддржуваат, и ќе Ви тежи до крајот на Вашата политичка кариера“, рече Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...