fbpx

Димовски иронично: Во СЈО сум затоа што многу зборувам во Собранието

-

Попладнево околу 14 часот, во СЈО пристигна и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој е повикан да даде исказ како еден од осомничените во случајот „Талир“.

Пред да влезе во просториите на СЈО, на новинарско прашање зошто е повикан и осомничен, Димовски иронично рече дека е повикан поради неговите чести говори и обраќања во Собранието што некому не му се допаѓале.

Претходно, во СЈО беше директорот на центарот за комунукации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, кој, како што рече, не дал исказ, туку тоа ќе го направи откако ќе изврши увид во доказите.

Попладнево околу 14 часот, просториите на СЈО ги напушти поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, кој во СЈО пристигна околу 11 часот.

Грујовски, кој е осомничен во неколку случаи на СЈО, поврзани со незаконското прислушување, не сакаше да даде изјава за медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...