fbpx

Димитриев се сретна со чешкиот министер за надворешни работи

-

Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.

На средбата, двете страни ја истакнале потребата и заложбата за интеграција на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.

Соговорниците разговарале за предизвиците во врска со менаџирањето на мигрантската криза и за можностите за нивно надминување, при што ја истакнале потребата од координирани активности на меѓународната заедница, особено на земјите кои се засегнати од неа.

Чешкиот министер Заоралек ја истакнал значајната улога на Македонија во овој процес и подготвеноста на Чешката Република за понатамошна соработка на ова поле.

Двете страни се согласија дека е потребно што побргу да се надмине актуелната политичка состојба во земјата и да се организираат фер, веродостојни и демократски избори кои ќе обезбедат стабилна влада.

Димитриев го запознал својот соговорник со активностите и со мерките на Владата кои се во насока на организацијата на претстојните избори на 24 април и изразил уверување дека сите институции ќе го дадат својот максимум во реализацијата на сите неопходни мерки за нивно успешно спроведување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...