fbpx

ДИК врши задолжителна едукација на ОИК пред изборите

-

Државната изборна комисија од денеска до четврток ќе ја спроведе последната серија работилници за задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Од ДИК соопштија дека денеска ќе се едуцираат општинските изборни комисии во Скопје, Штип, Прилеп и во Битола, а утре во Струмица, Богданци, Охрид, Тетово и во Гостивар. Последниот ден, работилница ќе се одржи во Куманово.

Во рамки на работилниците, на кои ќе можат да присуствуваат и акредитираните набљудувачи и новинари, ќе биде презентиран едукативниот видеоприрачник, кој ДИК го изработи со помош на Мисијата на ОБСЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...