fbpx
Таг: ОИК

таг: ОИК

ДИК со конечни неофицијални резултати – СДСМ има два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски на јавната седница на ДИК која се одржа околу 22 часа откако заврши гласањето ги соопшти конечните неофицијални резултати. Бројот на добиени мандати на политичките партии кои учествуваа на изборите е идентичен со објавените бројки во првичните неофицијални резултати: Коалицијата „Можеме“ освои 46, ВМРО-ДПМНЕ - 44, ДУИ - 15, Алијанса за Албанците...

МОСТ: Неколку инциденти на гласањето

Фото: Борче Поповски
Граѓанската асоцијација МОСТ регистрирала неколку нерегуларности, соопштија од таму по завршувањето на гласањето. - Фотографирање на гласачките ливчиња е забележано на 3 гласачки места – ГМ 1515 во село Обршани, општина Кривогаштани, ГМ 1969 во Тетово и ГМ 1080 во с. Тромеѓа, општина Куманово. „Во сите овие случаи забележана е соодветна реакција на ИО и на полицијата. ИО направиле записници,...

ДИК утре ќе го дистрибуира изборниот материјал до општинските комисии

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе го дистрибуира доверливиот изборен материјал до Општинските изборни комисии (ОИК). Материјалот ќе се дистрибуира од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.

ДИК денеска решава за оставката на Атанасов и за гласањето во странство

Државната изборна комисија (ДИК), денеска ќе решава за оставката на пратеникот од СДСМ, Петар Атанасов. Потоа ќе разгледува барања за добивање на овластувања за набљудување на Референдумот 2018, поднесени од неколку граѓански организации, помеѓу кои и ОДИХР. Исто така, ќе се разгледува Предлог Решение за утврдување и објавување на описите на избирачките места, како и други одлуки за претстоечкиот референдум. На...

ДИК реши изборниот материјал да го набави од еден добавувач

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно донесоа одлука набавката на изборниот материјал да ја спои во едно, односно да не набавува материјал посебно, туку од еден добавувач. Според Оливер Деркоски, претседателот на ДИК, тоа било на предлог на службите на Комисијата, кои сметаат дека така ќе се поедностават работите и сè би се набавило од еден добавувач. ДИК исто...

ДИК врши задолжителна едукација на ОИК пред изборите

Државната изборна комисија од денеска до четврток ќе ја спроведе последната серија работилници за задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Од ДИК соопштија дека денеска ќе се едуцираат општинските изборни комисии во Скопје, Штип, Прилеп и во Битола, а утре во Струмица, Богданци, Охрид, Тетово и во Гостивар. Последниот ден, работилница ќе...

Што и кога треба да направи ДИК до 5 јуни според роковникот?

Денеска, Државната изборна комисија (ДИК) ќе побара од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) да достави список на вработени во државната администрација за членови на избирачките одбори. Ова е првата работа што ДИК треба да ја заврши откако во петокот, без учество на двајцата членови од СДСМ, го усвои роковникот за изборите на 5 јуни. Според овој роковник, изборите во...

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања...