fbpx

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

-

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 444.014 гласови, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија – 428.683, ДУИ – 85.774, Движењето Беса – 57.749, Алијанса за Албанците – 35.103 и ДПА – 30.971 глас, соопшти претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, рано изутрината на прес-конференција, по обработени 99,34 отсто од гласовите.

ДИК соопшти дека во текот на денот ќе излезат со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со оценка за изборниот процес.

До ДИК немало пристигнато приговори во врска со гласањето.

Оттаму  не дадоа првични и прелиминарни резултати за распределбата на мандати (пратеници), туку најавија дека за тоа ќе известат во текот на денот бидејќи има уште мал процент на гласови кои треба да се добројат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...