fbpx

„Мост“: Резултатот е претесен, не можеме да го предвидиме бројот на мандатите

-

Поради маргината на грешка што програмата ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) ја продуцира, од граѓанската асоцијација „Мост“ соопштија дека не се во можност да ја проектираат распределбата на мандати по изборни единици.

„Ја повикуваме јавноста на трпение сè додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. Внимателно ќе ја следиме работата на ДИК во наредниот период и ќе ја известуваме јавноста за сите активности“, соопштуваат од „Мост“.

Од асоцијацијата направија преглед на процентуално освоените гласови на коалициите и на политичките партии според изборни единици со маргиналната грешка што ја предвидуваат.

„Врз основа на нашите резултати, заклучуваме дека двете водечки партии по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати“, заклучуваат од „Мост“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...