fbpx

ДИК ќе го разрешува претседателот на ОИК Центар

-

На следната седница на Државната изборна комисија (ДИК), Никола Рилковски, претседателот на комисијата ќе покрене постапка за да се разреши Коста Митровски, претседателот на Општинската изборна комисија во Центар, кој во еден од разговорите што ги објави СДСМ, на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му кажува како успеал да извлече четири избирачки списоци.

Во изјава по денешната седница на комисијата, на која членовите на ДИК го усвоија упатството за референдумот за фасадата на ГТЦ во Центар, Рилковски рече дека ако Митровски сам не си поднесе оставка, на седница на ДИК, која би требало да се одржи веднаш по празниците, ДИК ќе покрене постапка за негово разрешување од функцијата, но комисијата нема можност да го гони кривично.

– По она што можевме да го чуеме, барем според моето лично мислење, овој човек барем од морален аспект нема кредибилитет да биде претседател на изборна комисија – вели Рилковски.

Претседателот на ДИК кажа дека досега бројката на гласачи во избирачкиот список не е многу променета од минатогодишните избори, односно има разлика само 500 или 600 гласачи. За референдумот, граѓаните ќе можат да гласаат на 78 избирачки места, а право на глас имаат околу 43.461 жител на општината (претседателот на ДИК не беше сигурен дали се 43.461 или пак 43.481 гласач).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...