fbpx

СДСМ: ДИК докажа дека не е на ниво на задачата

-

Со одлуките што ги донесе, ДИК покажа дека не е ниво на сериозната задача што ја има во врска заштитата на сите аспекти од изборниот процес, реагира вечерва СДСМ.

„Институциите на државата мора да работат во служба на граѓаните и да ја почитуваат волјата на граѓаните на Република Македонија. И покрај сè што се случува, неколку работи се кристално јасни: граѓаните избраа живот и тие промени веќе се случуваат, нема повеќе место во политиката за личности како Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. Се отвораат перспективите за единствена Република Македонија и за сите нејзини граѓани“, се наведува во реакцијата на СДСМ откако ДИК вечерва го одби последниот приговор на опозициската партија во врска со изборниот процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.