Diablo 4 почнува одлично

Лилит Диабло 4 скриншот од Близард
Лилит Диабло 4 скриншот од Близард

Diablo 4 почна одлично, односно додека повеќето поголеми наслови од „Близард“ имаат проблеми при почнување кај најновата верзија од важни игри, како WoW и Diablo. Проблемите се најчесто чекање долги редови на играчи (que) за да може воопшто да се влезе во игра и многу чести дисконектови, како и голем број багови – од кои сето ова се пачира во наредните недела-две по излегувањето на насловот.

Овојпат, тоа не беше случај, и на предноста од 4 дена што ја имаа сопствениците на Ultimate Edition за Diablo 4 и на целосното официјално лансирање на играта, немаше големи редови за чекање, играта оди глатко и не може да се најдат багови.

Погледнете го трејлерот за играта снимен со реални актери:

Воедно, од повеќето медиуми што покриваат рејтинг на видео игри, Diablo 4 е прогласена за најдобра верзија на Диабло досега. Самиот гејмплеј е забавен – што е многу важно дека на тоа се посветува највеќе време – одлично hack and slash искуство, раскажувачкиот момент во играта е развиен со навистина добри кратки приказни, во корелација со главната приказна. Има навистина импресивни синхронизации на ликови, исполирани анимации, цинематици и многу многу различни дијалози и раскажувања на различни локации, бидејќи светот Sanctuary е огромен.

Иако играта е скапа, сепак е „Диабло“ – и тоа најнова верзија. Еднаш се купува и се игра засекогаш, нема плаќање месечна претплата.

Играта има слични механики како Guild Wars 2 односно избегнување телеграфи со доџирање, подесување на левелот на чудовиштата според вашиот левел – што значи дека не можете да станете OP (Overpowered), без разлика дали сте во стартна зона, во средина или во зона што е на крајот од играта. Иако, опремата ве прави за нијанса посилни во „low level“ зони. Но, веднаш по излегувањето на играта се појавија повеќе опции во  „кеш шопот“ на Близард, како и активности со кои можете да добиете скинови – како гледање Твич Стримери.

Сега за сега, не е воопшто како Диабло Имортал, каде можете индиректно да купувате и ајтеми – не само козметика – за многу пари“ Моментално има само скинови и моунови за продажба и цените за козметички сет што отскокнува се околу 20 евра – што не е воопшто малку за такво нешто. Но исто така има и трансмог – употребување скинови на коишто сте им направиле „салвиџ“ за скинови што ги носите – за оклоп и оружје што нуди многу кул варијанти за изглед, па и нема потреба да се купуваат скинови од „кеш шоп“.

Да се надеваме дека Диабло 4 нема непријатно да нè изненади и да стане тотално „Pay to Win“.

Што се однесува до популарноста на играта, таа стана вирална и сервисот за стримање Twitch се преполни со стримери уште пред неколку ден. Тие покажуваат и испробуваат „билдови“ и играат во хардкор мод. Хардкор е вид на тешкотија во Диабло, каде креирате лик којшто ако умре еднаш останува мртов и неупотреблив. Во стандардното играње, пак, ако загинете, ликот воскреснува и продолжувате. 

Една од најпозитивните страни на Диабло 4 е што тече мазно и се игра слеано на основни денешни гејмерски машини, додека има и опција за засилена графика на поскапи компјутери.

Ако сте долгогодишен фан на Диабло серијалот, овој дел од Диабло навистина вреди да се игра и ќе Ви пружи огромно задоволство и сатисфакција, но и ќе биде игра што ќе трае и ќе се развива подолго време и во иднина, со најавени нови сезони, експанзии и секакви содржини.

Повеќе информации и за Диабло 4 и за целиот серијал може да прочитате овде