Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој учествуваше на Парламентарниот безбедносен форум во Вашингтон, на маргините на настанот се сретнал со координаторот на парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ во бугарскиот парламент, Цветан Цветанов.

На средбата било заклучено дека Бугарија како иден претседавач со ЕУ ја знае важноста на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и затоа ќе биде силен поддржувач во таа насока.

Џафери исто така се сретнал и со претседателот на Интернационалниот републикански институт (ИРИ), Даниел Твининг. Претседателот на македонското Собрание порачал работата на ИРИ во Република Македонија „е повеќе од добредојдена бидејќи анкетите кои тие ги реализираат, покрај тоа што се неутрални, се покажуваат и како прецизни, што се потврди со резултатите од неодамнешните избори“, соопштија од Собранието