Џафери и Јанева се сретнале со делегација на Конгресот на САД

-

Делегацијата на претставници на Конгресот на Соединетите Американски Држави, која денеска беше во посета на земјава, имала средби и со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштија од Амбасадата во САД во Македонија.

„Двопартиската делегација, предводена од конгресменот Боб Гудлејт, претседател на Комитетот за правосудство, се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со пратеници и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Делегацијата исто така се сретна со министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во касарната „Илинден“, каде Воената полиција ја презентираше опремата финансирана од САД“, стои во соопштението на Амбасадата.

На состаноците, како што информираат оттаму, се разговарало за зајакнување на владеењето на правото во Македонија, за воената соработка и за процесот на формирање влада.

Инаку, посетата на делегацијата на Конгресот на САД на земјава е во рамките на нивната регионална турнеја во текот на која се разговара за различни прашања, вклучувајќи ја демократската политичка клима и економскиот пораст на Балканот.

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните американски изјави...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните...