Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска до граѓаните и Архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан упати честитка по повод христијанскиот празник Пресвета Богородица.
„Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на големите верски празници треба да ни биде водилка во почитувањето на вистинските вредности, чесноста и одењето напред на вистинскиот пат. Сите заедно, сполотени, да се стремиме кон подобра иднина за граѓаните на Република Македонија, преку заемна почит и разбирање“, се вели во честитката.
Џафери на сите православни христијани им посака празникот да го поминат исполнети со многу здравје, среќа и спокој.