fbpx

Дете се удавило во реката Вардар

-

Безживотно тело на дете вчера попладне било извадено од водите на реката Вардар, во непосредна близина на улицата Кеј 13 Ноември во центарот на Скопје, информира полицијата.

Телото на детето било забалежано околу 13.30 часот, по што увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје, веднаш излегла на местото. Лекар од екипата на Итната медицинска помош, според полицијата, констатирал дека смртта настанала како последица од давење во реката.

Како што информираат од МВР, станува збор за дете кое претходно било пријавено за исчезнато од Центарот за бездомници.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено во Институтот за судска медицина, за обдукција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...