fbpx

Денеска почнува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел

-

Денеска во Брисел почнува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за решавање на политичката криза во Македонија. Дијалогот ќе се одвива со посредство на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, додека, пак, во име на СДСМ ќе зборуваат Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер.

Европратениците во петокот наведоа дека дијалогот ќе се одвива зад затворени врати. Не се очекува европратениците да понудат решение, туку само да го олеснат дијалогот меѓу претставниците на двете партии.

Се очекува дијалогот да почне во Европарламентот во 11 часот и да трае максимум до 18 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...