Претседателот Пендаровски го поздрави договорот меѓу Србија и Косово

-

Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски синоќа изрази задоволство од договорот постигнат како дел од разговорите помеѓу Србија и Косово, што се одржуваат викендов во Охрид. Во присуство на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, вчера во Охрид се сретнаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, а по повеќечасовниот состанок Борел соопшти дека двете земји се согласиле за анексот за имплементација, кој заедно со Договорот, ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.

„Го поздравувам договорот кој вечерва во Охрид го постигнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, на состанокот во рамки на дијалогот Белград-Приштина, под покровителство на ЕУ, напиша Пендаровски.

Борел рече дека договорот, чија имплементација ја сочинуваат практични чекори што, како и кога ќе треба да се направи, е постигнат по долги и тешки преговори.

„Можам да соопштам дека Косово и Србија се согласија за анексот за имплементација на Договорот, што треба да води кон нормализација на односите помеѓу нив“, истакна високиот претставник на ЕУ.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај и шефот на албанската влада Еди Рама исто така го поздравија постигнувањето на договорот и согласноста за анексот за имплементација.

Според Бегај, ова е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот, додека Рама го нарече историско достигнување, но и дека се надева дека ѓаволот не се крие во деталите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека денеска ќе го прочита целиот анекс на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, и информира дека не го потпишал ниту договорот ниту анексот бидејќи, како што посочи, не сакал да склучува меѓународно правни договори со Република Косово.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...