fbpx

Денеска умерено облачно, утре снег

-

Во Македонија времето денеска ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува.

Кон крајот на денот и утре претпладне ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови. Температурата ќе се движи од 3 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура во Скопје ќе достигне до 7 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, претпладне со врнежи претежно од снег и дневна температура од 3 до 9 Целзиусови степени.

В петок и сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер и дневни температури од 6 до 13 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...