fbpx

Денеска продолжува 35. седница на Собранието

-

Со разгледување на предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, во прво читање, Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 35. седница.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другите, се и предлог-законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за шумите и предлог-законот за дополнување на Законот за ловството, сите во прво читање.

Пратениците треба да расправаат и за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за работните односи, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за инспекцијата на труд, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, исто така, во прво читање.

Собранието треба да ги разгледа и предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за просветната инспекција, на Законот за животната средина и на Законот за комунални дејности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...