fbpx

Денеска нова рунда преговори: До крајот на месецов, договор и за изборните прашања

-

Денеска, во Клубот на пратеници во Скопје, продолжуваат средбите на работните групи на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. На дневен ред се изборните закони, гласањето на дијаспората и прочистувањето на Избирачкиот список.

Според информации од работните групи, и за овие прашања не се очекуваат лесни преговори, а договорено е, сепак, за овие точки да се постигне договор до крајот на месецов.

Како што веќе објавивме, постигнат е мал напредок околу активната регистрација на гласачите, со задолжително пријавување. ВМРО-ДПМНЕ, велат нашите извори, се согласила на активна регистрација на гласачите, но сè уште не се изјаснуваат дали таа да биде задолжителна или не. Последните информации од работните групи се дека ставовите можат да се доближат околу комбинирана регистрација како што претходно побара ДПА. Имено, тие истакнаа свој предлог, според кој, пријавувањето на гласачите во избирачкиот список би било комбинирано. Тоа значи, тврдат нашите извори, во рок од четири месеци, два месеци да се прави теренски попис на полнолетните граѓани, од врата на врата, а два месеци да биде оставен простор за задолжителна регистрација.

Познато е дека најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ, според кој, тие ќе се избираат по формулата три+три+три, односно тројца членови да бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив да им се приклучат тројца експерти што ќе бидат избрани со двотретинско мнозинство во Собранието.

Политичките партии сè уште се далку од договор за гласањето на дијаспората.

Прашањето за дијаспората досега не е мрднато од мртва точка и партиите стојат цврсто на своите ставови. ВМРО-ДПМНЕ е за да остане досегашниот принцип на гласање на дијаспората во три изборни единици, а СДСМ е за дијаспората да гласа, но важноста на гласот на иселениците да биде ист со тој на гласачите што живеат во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...