fbpx

Саудиски дипломат, обвинет за силување на две жени, избегал од Индија

-

Дипломат од Саудиска Арабија, кој е обвинет дека повеќепати силувал и злоупотребувал две жени, ја напуштил Индија искористувајќи го дипломатскиот имунитет.

Портпаролот на индиското министерство за надворешни работи, Викас Сваруп, го иднетификувал дипломатот како Маџед Хасан Ашор, прв секретар на саудиската амбасада во Њу Делхи.

Според информациите на анонимни официјални лица од Индија, Саудиска Арабија донела одлука да ги повлече дипломатот и неговото семејство.

Имено, две жени од Непал, поднеле жалба до полицијата во Индија, наведувајќи дека дипломат од Саудиска Арабија повеќепати ги силувал во својот дом во близина на Њу Делхи.

Тие изјавиле дека овој дипломат ги тепал и ги силувал повеќепати во текот на последните неколку месеци.

Дипломатот се повикал на имунитетот, а амбасадата на Саудиска Арабија ги отфрлила сите обвиненија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...