fbpx

Денеска ќе се дебатира во шест собраниски комисии

-

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е граѓанската иницијатива со предлогот за донесување закон за амнестија, заедно со предлог-законот за амнестија, на 145 граѓани доставена преку овластениот предлагач, Мери Николова.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за водостопанство, за земјоделски задруги, за основање агенција за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој, за пасиштата, за рибарство и аквакултура, за квалитет на земјоделските производи, за ловството, за тутун и тутунски производи, сите во прво читање.

Комисијата за здравство ќе ги разгледува предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за здравственото осигурување, за доброволно здравствено осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување и за здравствената заштита, сите во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи две седници. На дневен ред на првата седница е предлогот за изменување на Законот за буџетите во Република Македонија во прво читање, поднесен од група пратеници.

Во рамки на втората седница, ќе бидат разгледани предлозите за изменување и за дополнување на законите за кредитно биро, за изменување на царинскиот закон, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за супервизија на осигурување, за ревизија, за државната ревизија, за акцизите, за хартии од вредност, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за јавна внатрешна финансиска контрола, за вршење на работи за застапување во царинските постапки, за даноците на имот, за комуналните такси, за вршење сметководствени работи, за царински мерки за спроведување заштита на правата од интелектуална сопственост, за експропријација, за административните такси, за буџетите, сите во прво читање.

Законодавно-правна комисија ќе расправа по предлозите за изменување и за дополнување на законите за здравственото осигурување, за кредитно биро, за изменување на царинскиот закон, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за супервизија на осигурување, за ревизија, за државната ревизија, за акцизите, за хартии од вредност, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за јавна внатрешна финансиска контрола, за вршење работи за застапување во царинските постапки, за даноците на имот, за комуналните такси, за вршење на сметководствени работи, за царински мерки за спроведување заштита на правата од интелектуална сопственост, за експропријација, за административните такси, за буџетите, за водостопанство, за земјоделски задруги, за основање агенција за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој, за пасиштата, за рибарство и аквакултура, за квалитет на земјоделските производи, за ловството, за тутун и тутунски производи, за доброволно здравствено осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за здравствената заштита, сите во прво читање. На дневен ред на Комисијата е и утврдување на пречистен текст на Законот за работните односи и граѓанска иницијатива со предлог за донесување закон за амнестија, заедно со предлог-законот за амнестија, на 145 граѓани доставена преку овластениот предлагач Мери Николова.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправаат по утврдувањето предлог-одлука за дополнување на одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и на членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...