Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистриран е 4 нов случај на ковид-19 од: Скопје – 3 и  Прилеп  – 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Во изминатово деноноќие пријавено е 1 починато лице: 66-годишен пациент од Скопје кој починал во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.

Во моментов, најголем број на активни случаи на ковид-19 има во Скопје – 183. Во Кавадарци, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран нема ниту еден регистриран заболен од ковид-19.