fbpx

Дел од жителите на Полошкиот регион сè уште се движат по земјен пат

-

Состојбата на дел од регионалните патни правци не е во согласност, не само со барањата за економски развој, туку и со стандардите за безбедно одвивање на сообраќајот. Во Полошкиот плански регион локалната патна мрежа е во лоша состојба.

Ова го пишува во Програмата за развој на Полошки плански регион 2015-2019 година, пишува „Порталб.мк“.

Во документот се наведуваат повеќе стратешки проекти и приоритети кои треба да донесат развој во Полошкиот регион, а со тоа и подобра живеачка што ќе ја почувствуваат жителите од овој дел на земјата.

Сепак, „Порталб,мк“ изврши увид во Програмата за развој на Полошкиот плански регион во која се нотираат повеќе регионални и магистрални патишта, како приоритетни за изградба, а дел од нив иако се зацртани програмски до 2019 година, не е исклучено дека ќе се најдат и во новата Програма за следните четири години.

„Модернизација на постоечката мрежа на „А“ патишта и изградба на нови (главни магистрали), потоа „А2“ Делница која ги опфаќа Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево,  Гостивар – Дебар. Модернизирање на постоечките и изградба на нови регионални патишта: Тетово- Јажинце,  Тетово-Пирок-Гостивар, Тетово – Попова Шапка, Тетово Брвеница-Чегране-Гостивар, Пршовце-Јегуновце-Радуша, Маврови Анови- Маврово, Желино-Шемшово-Јегуновце. Модернизација на постојните и изградба на нови локални патишта“ се нотираат како приоритетни инфраструктурни проекти во сегашната Програма 2015-2019.

Токму локалните патишта, кои учествуваат дури со 82 проценти во структурата на патиштата во Полошкиот регион, се „најпроблематични“ и чекаат изградба, рехабилитација и реконструкција.

Во Полошкиот регион, според податоците од Програмата сè уште има делови во кои се функционира буквално по земјен пат а тоа се: Србиново – Папрадиште – Туин (Осломеј, Кичево), Јегуновце – Долно Орашје – Радуша, Галичник – Селце – Лазарополе – Гари.

Податоците за Полошкиот регион во однос на квалитетот на локалните патишта не се оптимистички: 56 проценти се асфалтирани, 14 проценти се земјени, 11 се поплочени со макадам, 10 проценти се водат како непросечни локални патишта, а 9 проценти се со коцка.

„Во последните неколку години со користење на сопствени средства, како и средствата од Министерството за транспорт и врски дел од локалните патишта се реконструирани и надоградени (4,5 проценти)“ се наведува во Програмата за развој на Полошкиот регион.

На прашањето дали жителите ги почувствуваа ефектите од досегашните проекти, од Центарот на Полошкиот плански регион кратко одговориле дека „го стимулираат економскиот развој преку создавање на основна инфраструктура, исто така преку управување со водата за пиење, управувањето со отпадни води и со тврд отпадок на регионално ниво.“

Локалните власти во Полошкиот регион, кои заеднички ги дефинираат приоритетните проекти се обврзале, според Програмата, дека ќе ги интензивираат активностите и ќе ја зголемат поддршката во подготовка на техничка документација на урбанистички планови за населени и вон населени места со цел да се подобри патната инфраструктура.

За годинава предвидена е само рехабилитација на локалниот пат од село Сушички мост до депонијата Русино, Општина Гостивар – трета фаза за што ќе се потрошат 404.000 евра, како и изработка на Урбанистички планови во Врапчиште и во Боговиње.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...