fbpx

Дане Талески на местото на Стево Пендаровски

-

На 135-та седница одржана вчера, Владата донела одлука Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот да ја презеде позицијата национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, која досега ја извршуваше новиот претседател на државата, Стево Пендаровски. Неговата нова функција е неспоива со позицијата национален координатор.

Владата исто така донела одлука за нивелација на плати во областа на културата, со која на 2.899 вработени ќе им се зголемат платите, ретроактивно, почнувајќи од платата за aприл.

Владиниот кабинет вчера решавал за 22 барања за изградба на мали хидроцентрали, и на 18 баратели им издал дозвола. Три биле одбиени бидејќи планирале изградба во заштитени подрачја, а едно барање е одбиено поради некомплетна документација.
На вчерашната седница, Владата ја усвоила Информацијата за реализација на активностите за имплементирање на дел од мерките за намалување на мајчина и новороденечка смртност за 2018 година.

„Како резултат на преземените мерки на Клиниката за Гинекологија и акушерство Во Клиничкиот Центар во Скопје во 2018 година има пад на новороденeчката смртност за 30% во однос на претходната“, се вели во владиното соопштение.

Исто така, била усвоена Предлог – одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство (ЈПП) за изградба на две катни гаражи во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Фирмите што ќе победат на тендерот ќе треба да ги изградат гаражите и ќе стопанисуваат со нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...