сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: хидроцентрали | 14 резултати

Фронт 21/42 бара стопирање на изградбата на нови хидроцентрали кои се причина за колапс на екосистемите

октомври 27, 2020

Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 сe приклучува кон Манифестот на европските невладини организации против изградбата на нови мали хидроцентрали, потпишан од над 150 европски невладини организации. Со документот се бара од Европската Унија, Европската инвестициона банка и Европскиот Парламент, да се запре поддршката и финансирањето на нови хидроцентрали. „Целта е да си ги зачуваме […]

Хидроцентралите и рудниците да не се градат без да се прашаат граѓаните, бараат екологистите

јуни 11, 2019

Прогласувањето на рудниците како и на големите и малите хидроенергетски проекти за градби од државно значење е неприфатливо бидејќи претставува закана за природните подрачја во земјава, стои во обраќањето до јавноста на граѓанската организација „Еко-свест“. Тие реагираат на новиот предлог-закон за урбанистичко планирање, кој се наоѓа на втора по ред јавна расправа во Собранието. Граѓанските […]

Извештајот на ЕК порачува да се вложат повеќе пари за борба со аерозагадувањето

јуни 1, 2019

Државата има добри закони и стратегии од областа на заштитата на животната средина, но нема капацитети да ги примени, и тоа најмногу се чувствува кога се во прашање квалитетот на воздухот, заштита на водите, како и управувањето со отпад. Ова е еден од заклучоците поврзани со екологијата во проценката за напредокот на Република Северна Македонија, […]

Дане Талески на местото на Стево Пендаровски

мај 15, 2019

На 135-та седница одржана вчера, Владата донела одлука Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот да ја презеде позицијата национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, која досега ја извршуваше новиот претседател на државата, Стево Пендаровски. Неговата нова функција е неспоива со позицијата национален координатор. Владата исто така донела […]

Антикорупциска ги проверува хидроцентралите на Анѓушев и автомобилите на Вангеловски и на Меркo

мај 9, 2019

Антикорупциската комисија на денешната седница отвори три постапки за еден вицепремиер, еден градоначалник и за претседателот на Врховниот суд. Антикорупционерите отворија постапка за хидроцентралата на фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Ќе се истражува како земјиштето во Дреново завршило […]

Со 160-те мали централи ќе ја бетонираме земјата, а нема да ја постигмене целта

март 25, 2019

Дури и да се изградат сите 160 мали хидроцентрали кои се планирани да бидат изградени во државата, Македонија нема да го достигне таргетот на ЕУ до 2020 година да произведува 25 проценти од енергијата од обновливи извори. Ова беше соопштено на денешната меѓународна конференција „Хидроенергетски проекти и заштита на природата – предизвици и решенија“, што […]

Нивото на водата на Охридско езеро се наближува до дозволената минимална кота

ноември 7, 2018

Нивото на Охридското езеро од мај до денес е намалено за околу 80 сантиметри. Екологистите предупредуваат дека причина за ова се климатските промени и испарувањето на водата. Екологистот Лазо Наумоски објаснува дека на годишно ниво од езерото испаруваат преку 350 милиони кубни метри вода годишно. Наумоски додава дека доколку продолжи ваквата состојба, најмногу ќе биде […]

Кајакарење по бетонска река за подигнување на свеста за заштита на реките

септември 14, 2018

Активистите утрово кајакареа по бетонската река пред Владата за да ја подигнат свеста кај јавноста за значењето на недопрената природа и прекрасните речни долини и кањони на Балканот. Еко-свест заедно со ФРОНТ 21/42 покренаа петиција за стопирање на изградбата на хидроенергетски проекти во заштитените подрачја низ Македонија која се уште е отворена за потпишување. „Во последните […]

Мавровските хидроцентрали лани произвеле повеќе струја од планираното

февруари 20, 2016

Мавровските хидроцентрали минатата година произвеле 43 отсто повеќе електрична енергија од планираното. Според ХЕС „Маврово“, ваквиот позитивен биланс се должи на ревитализацијата на опремата и на објектите на трите мавровски хидроцентрали во Вруток, Равен и во Врбен. – Ние сега со помалку вода остваруваме зголемено производство на електрична енергија. Трошоците, пак, за одржување се намалени […]

Пет мали хидроцентрали пуштени во употреба

октомври 30, 2015

Пет мали хидроцентрали, вклучени во системот за наводнување на реката Бошава, беа пуштени во употреба. Од овој систем ќе се обезбеди водоснабдување на општините Кавадарци, Росоман и Неготино. – Ова е прв проект, во рамките на кој, преку јавно-приватно партнерство, стекнавме концесија, ги добивме сите потребни дозволи и за помалку од две години, во соработка со локалните изведувачи, ги […]

Страна 1 од 1