fbpx

Цената на бензините останува иста, на дизелот се намалува за половина денар

-

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и цената на екстра-лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека дизелот од ноќеска на полноќ ќе биде поевтин за половина денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Со оваа одлука, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 61 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 63 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 41,50 денари за литар. Дизел горивото на бензинските пумпи од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 52 денари за литар.

Од РКЕ соопштија дека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и истата од ноќеска на полноќ ќе изнесува 31,268 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период, референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099 отсто, дизелот има намалување за 1,215 отсто, екстра-лесното масло исто така има намалување од 1,321 отсто, додека кај мазутот има зголемување од 1,124 отсто. Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,740 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...