Гугл го редизајнира мобилното пребарување

На 22 јануари на нивниот блог Гугл објавија дека ќе воведуваат промени кај мобилното пребарување. Овие промени се воведени со цел на поедноставување на приказот на информации велат во соопштението.

Во процесот на редизајн клучни биле пет фактори а тие се:

  • Доведување на информациите во преден план со поедноставување на елементите на дизајн притоа акцентирајќи ги информациите;
  • Почитлив текст – користејќи поголеми и позадебелени букви;
  • Создавање на повеќе простор со елиминирање на сенки;
  • Користење на боја за ставање акцент на важните информации односно користење на чиста позадина и искористување на боите како водич за очите на читателот;
  • Потпирање на заоблениот дизај на логото и во други делови од редизајнираниот пребарувач.

Овие промени ќе бидат воведени во наредните неколку денови, а соопштението во целост можете да го прочитате овде.