fbpx

Четврта седмица од исчезнувањето на Уран Купа од струшко Велешта

-

Случајот со исчезнувањето на 27-годишниот Уран Купа од струшкото село Велешта, од денеска влегува во четвртата недела, а од него и понатаму нема ниту трага, ниту глас. На прашањето до каде е стигнато со истрагата, утринава портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека полицијата и понатаму интензивно трага.

– Од двете страни, откај Струга и откај Дебар, припадници на полициските станици од двата града, детално го пребаруваат теренот но, за жал, досега не е пронајдена никаква трага што може да се поврзе со исчезнатото лице – вели Димоски.

Уран Купа исчезна ноќта на 6 спроти 7 февруари, околу 01.15 часот, додека во полициската станица во Струга исчезнувањето е пријавено на 6 февруари од неговиот 50-годишен татко Б.К.

Неговото патничко моторно возило, марка „ауди А-4“ со струшки регистарски таблички, со кое излегол од домот, е пронајдено два дена подоцна, на 9 февруари, во близина на автобуската станица во Дебар. Возилото било заклучено, а по обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид, при што во внатрешноста на возилото биле забележани одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло. Целокупниот пронајден материјал бил предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Уран Купа беше вработен во обезбедувањето на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Тој, пак, во врска со исчезнувањето на Купа искажа отворен сомнеж дека „начинот на кој сето тоа е изведено, без да се остави ниту една трага, е доказ дека е изведено од луѓе кои се професионалци“.

– Според информации што ги имаме од граѓаните, ноќта кога се има случено исчезнувањето на Уран, имало инспекциски служби во цивили, кои вршеле претрес на случајни минувачи. Индикативно е што биле дојдени инспектори во цивил од Скопје и од други делови на државата и тоа ни дава до знаење дека органите за безбедност треба да имаат некаква информација – изјави Села.

Самиот Села за случајот го известил седиштето на ОБСЕ во Скопје и другите меѓународни претставништва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...