fbpx

Осумнаесетгодишна кумановка осомничена за фалсификување пари

-

Штипската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против 18-годишна кумановка, осомничена за фалсификување пари, сооопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, кумановката С.Ц. (18) на 24 јануари годинава, во дискотека во Штип платила со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Случајот го пријавила вработена во дискотеката, а по преземените мерки и по извршеното вештачење, полицијата утврдила дека банкнотата е фалсификат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во...