fbpx

Четири вооружени лица со лажни бугарски пасоши уапсени во Србија

-

Четири лица биле уапсени од српските власти откако се обиделе да влезат во Унгарија со големо количество оружје. Тие имале лажни бугарски документи за идентификација.

Помеѓу уапсените бил и 31-годишен Србин, кој минатата година бил уапсен во Шведска и се смета за клучен член на криминална група што го снабдува Муслиманското братство со оружје од поранешна СФРЈ.

Другите три лица се 35-годишен Босанец, 42-годишен Ирачанец и 44-годишен Сириец. Во нивниот автомобил биле пронајдени пет пушки со телескопски нишан, две автоматски пушки, како и поголемо количество муниција.

Портпаролот на српското министерството за одбрана, Јован Кривокапич, објави дека миграцискиот притисок од Бугарија кон Србија значително се зголемил во последните 15 дена.

Од 22 јули досега, мешани полициски и воени патроли идентификувале 7.500 илегални мигранти кои се обиделе да влезат во Србија од Бугарија и од Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...