fbpx

Четири собраниски седници на дневен ред

-

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции се Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, (НПАА), ревизија 2015-2017 година, и Наративен преглед на степен на реализација на НПАА, ревизија 2014 за четврти квартал (1 октомври 2014 – 31 декември 2014 година).

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија во прво читање, предлог-одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2015 година, предлог-законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата во второ читање, поднесен од пратениците Олга Најденовска, Талат Џафери, Илија Димовски, Светлана Јакимовска, Александар Николоски, предлог-одлука за одобрување на финансискиот план на Македонската радио-телевизија за 2015 година, предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за управување со отпадот во прво читање и Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2015 година.

На дневен ред на Законодавно-правна комисија се предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија во прво читање, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за царинската тарифа во второ читање, предлог-законите за водостопанство, за дополнување на Законот за земјоделски задруги, за изменување на Законот за хидрометеролошка дејност, во прво читање.

Во второ читање е предлог-закон за изменување на Законот за шумите поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Марјанчо Колевски, Соња Талевска, предлог-закон за дополнување на Законот за иновациската дејност и предлог-закон за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа и предлог-законот за дополнување на Законот за техничката инспекција, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат, предлог-закон за дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за управување со отпадот, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за личната карта, сите во прво читање.

На дневен ред на оваа седница се и повеќе барања за автентично толкување на членови од закони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...