fbpx

ЦГК: Владата и општините жртвувале проекти од 220 милиони евра за да ги намалат расходите од енергетската криза

Наспроти кратењето на проекти од важност за граѓаните, локалните власти се однесувале како да не е криза кога станува збор за трошоците за патни расходи, плати, договорни услуги и привремени вработувања кои дури бележат пораст во 2022 година

-

За покривање на дополнителните расходи што ги наметна енергетската криза во 2022 година, Владата и општините вкупно жртвувале проекти кои се од важност на граѓаните во вредност од најмалку 220 милиони евра, гласи еден од заклучоците од најновите истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Здружението на даночни советници и Активо.

Истражувањата за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година се поделени на национално и на општинско ниво.

Па така, Владата, според истражувањата, жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина. Дополнителни 50 милиони евра капитални проекти требало да се реализираат од локалните власти.

„За да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милион евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“, како што се исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија“, се вели во истражувањето.

Вкупните пријавени финансиски обврски на буџетските субјекти само во 2022 година се зголемиле за нови 186 милиони евра, односно за 30 проценти, со што достигнале вкупен износ од 800 милиони евра.

Во истражувањето се вели и дека наспроти кратењето на проекти од важност за граѓаните, локалните власти се однесувале како да не е криза кога станува збор за трошоците за патни расходи, плати, договорни услуги и привремени вработувања кои во 2022 дури пораснале.

Инвестициите во патната инфраструктура со Буџетот за 2022 година првично биле проектирани на 96 милиони евра, за потоа целосно да се укинат, а намалување на средствата имало и за проекти за водоснабдување и одведување отпадни води. Понатаму, големо кратење на средствата е евидентирано и во реформите на казнено-поправните установи, односно од првично планираните 4,6 милиони евра, реализирани се само 127 илјади евра. Во 2022 година не е купена ниту планираната ИТ опрема на Управата за јавни приходи (УЈП), ниту е направена надградбата на постоечката опрема и консолидирање на базите на податоци во вредност од 800 илјади евра.

„Институциите покажаа исклучително ниско ниво на отчетност во однос на планираните, а нереализирани проекти, што во одредени ситуации отвора сомнеж и за свесно криење на информациите од јавноста“, се констатира во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...