Проверка на факти

Српска „Политика“ опасно го врза „Рекет“ со Преспанскиот договор

Најстариот српски дневен весник „Политика“ вчера (21.08.2019) излезе со текст насловен: „Рекет“ фрла ново светло врз Преспанскиот договор („Reket” baca novo svetlo na Prespanski sporazum), во кој прави конструкција дека Договорот со Грција за решавање на спорот со името е изгласан со рекетирање . Овој...

Како Јанева ја дозакопа довербата во институциите во Северна Македонија

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од хероина, чија силуета на летните маички ја носеа и младо и старо во налетот за уривање на владата на Груевски, заврши разочарувачки неславно во притвор за злоупотреба на службената должност. Личноста која требаше да биде ( а едно...

Ѓилас најави тужба за српски „Курир“ кој тврди дека и тој се офајдил од парите од „Рекет“

Српскиот портал „Курир“, продолжувајќи го серијалот манипулативни написи за случајот „Рекет“  вчера (19.08.2019) објави текст со сензационалистички наслов испишан со големи букви: „ОТКРИВАМЕ КОЈ СЕ ОФАЈДИЛ ОД АФЕРАТА „РЕКЕТ“: Боки 13 им давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, А СЕ ГЛЕДАЛ И СО ЧЕДО“ (OTKRIVAMO KO SE OVAJDIO OD AFERE "REKET": Boki 13 novac davao Vuku, Đilasu i Bošku! VIĐAO SE I SA...

Синиша Дедеиќ: Со дезинформациите власта во Србија прави симулација на реалноста

Синиша Дедеиќ е уредник во „Истиномер“, а дел од тимот на „ЦРТА“ е од 2010 година. Дедеиќ заедно со тимот на новинари на „Истиномер“, портал за јавна отчетност и транспарентност, внимателно ги следат, проверуваат и оценуваат ветувањата и изјавите на политичарите, дали се доследни...

Манипулациите на „Ла Верита“ за „Рекет“се шират и во Албанија

Албанскиот портал „Syri.net“ (про-опозициски, десничарски медиум) објави подолг напис за последните случувања во Северна Македонија, поврзани со случајот „Рекет“, поконкретно, со објавените видео снимки од италијанскиот весник “Ла Верита”, а кој содржи и ретроспектива на поважните политички случувања во земјава во последните години. Па,...

Најголемите дезинформации за „Рекет“ во српските медиуми

Случајот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција „Рекет“ во кој осомничени се Боки 13 и Зоки Милески – Кичеец, сведок е Орце Камчев, а вмешаноста на СЈО и обвинителката Катица Јанева дополнително ќе се докажува, крена огромна прашина за време на...

Кого сѐ може да иритира македонскиот премиер Заев за една минута?

Во време кога македонската јавност сметаше дека аферата „Рекет“ во која на видеата објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“ се сугерира корупција на на високо ниво за влијание врз обвинители и судии во која е вклучен еден контроверзен селебрити, ќе се чуе и можеби и...

Српски „Информер“ дезинформира – не се менува знамето, тоа беше во 1995 година

Деновиве српскиот портал „Информер“објави текст со наслов со кој ја дезинформира јавноста:  „КРАЈ ЗА СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА! Македонците го отстрануваат симболот од знамето заради договорот со Грците! (KRAJ ZA SUNCE VERGINE! Makedonci uklanjaju i simbol sa zastave zbog dogovora sa Grcima!). Во конкретниот случај има грешка...

Како за „Ало“ случајот „Рекет“ стана „Ракета“, торбата „Луи Витон“ доби уред за следење и други глупости…

Хајката која српските таблоиди, здушни поддржувачи на тамошниот премиер Александар Вучиќ, ја водат против актуелните власти во Северна Македонија, користејќи го случајот „Рекет“ како алатка за напади, е главниот пропаганден лост на регионално ниво кој треба да создаде атмосфера дека владата во Скопје само...

Тијана Цвјетичанин: Дезинформациите не се случајни, туку се поддршка на одреден политички наратив

Тијана Цвјетичанин е дел од тимот на босанските сервиси за проверка на факти „Раскринкавање“ и „Истиномјер“, како и истражувач. Таа работи на оценување на изјавите и предизборните ветувања на политичарите, како и на медиумските содржини. Во интервју за „Мета.мк“ објаснува каква е состојбата со дезинформирањето...

Боки 13, Крлеуша: Kога „Rest In Peace (RIP)“ стана „Одморете се во мир“…

Порталот „ Екран“ денеска (13.08.2019) објави текст со наслов: „(ВИДЕО+ФОТО) БОКИ 13 „РЕКЕТИРАЛ“ ПОРАДИ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: „Курир“ открива што плус се крие зад аферата „Рекет““,  комплетно преземен од српски „Курир“ заедно со фотографиите и без никаква јазична, лекторска интервенција.   Освен што во споменатиот напис не е направена никаква проверка на искажаните тврдења во „Курир“ барем кај...

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи. Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред...

Српски медиуми повторно во напад врз Заев, иако го нема во „Рекет“

Дел од српските медиуми блиски до тамошната власт и во вчерашните написи за аферата „Рекет“ и новите објавени снимки од италијанскиот весник „Ла Верита“, продолжија со тактиката директно да го врзуваат премиерот Зоран Заев со овој скандал. Впечаток е дека овие медиуми оркестрирано излегоа...

Со сомнителни снимки од сомнителен извор се прави обид да се турне владата во Скопје

Не требаше да помине многу време од објавувањето на видео снимките од наводното земање на мито од страна на Бојан Јовановски и Зоран Милески - Кичеец во домот на Јордан Камчев, па да се дознае дека весникот „La Verita“, чиј веб-сајт ги објави овие...

Сензационализам и шпекулации во српски „Блиц“ – македонската влада демантира тајни врски и црни фондови меѓу Заев и Харадинај

Македонската влада демантира дека премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај имаат „тајни врски и црни фондови за потплатување на политичари во Брисел“, како што деновиве (06.08.2019) објави српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на неименуван извор, „дипломат од Приштина“. Владата во Скопје...

Пензиониран полковник на КОС шпекулира дека ЦИА работи против Србија од авто-салон во Скопје

Неколку српски медиуми деновиве промовираа теорија на заговор според која разузнавачки служби на балканските земји во скопски авто-салон подготвуваат атентати на српски опозиционери за кои потоа „Западот“ би ја обвинил власта на Вучиќ.  Српскиот неделник „Печат“ во бројот од 19 јули 2019, објави текст со наслов: „Јамка за Србија“ (ориг. „Омча за Србију“), за новодната „специјална војна на...

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

(Вежба на македонската и косовската полиција во касарната „Ѓорче Петров“)
Текстот објавен на порталот „Правда.рс“ со исклучително навредлив наслов: „Македонците повторно лижат шиптарска чизма: штитат ОВК терорист!“ („Македонци лижу шиптарску чизму поново: штите ОВК терористу!“), креира сосема погрешна слика за случајот со екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК, кој е уапсен...

Новинарка на „Спутник Србија“ дезинформира за македонскиот идентитет и Преспанскиот договор

Српската испостава на руската мултимедијална новинска агенција „Спутник“, (Sputnik.rs.) неодамна објави интервју со двајца српски историчари на тема кражба на историја на Балканот, со акцент на Македонија, Црна Гора и Косово, при што новинарката уште во старт ја дезинформираше јавноста со два неточни факта. Разговорот...

Асја Методиева: Западен Балкан пати од слаби медиумски системи и недостиг на транспарентност

Г-а Асја Методиева е докторанд на Централноевропскиот Универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, а ги истражува радикалните движења, со фокус на регрутирањето на странски борци. Нејзиниот труд “Russian Narrative Proxies in the Western Balkans” (Преносителите на рускиот наратив во Западен Балкан), којшто неодамна беше објавен од...

Македонија не ѝ упати протесна нота на Бугарија

Српскиот портал „Телеграф“ неодамна (15.07.2019) објави текст со погрешен наслов: „Заев ѝ упати протесна нота на Бугарија: Ние не сме Северни Македонци“. Станува збор за напис кој се повикува на македонскиот портал „Фактор“ и во содржинскиот дел точно ја пренесува изјавата на премиерот Зоран Заев,...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...