fbpx
Свет Страница 715

Свет

Педесет и четири загинати во бродолом кај Камчатка

Најмалку 54 лица загинаа, а 15 се водат за исчезнати откако рибарски брод синоќа потона на западот на Тихиот Океан, во близина на Камчатка, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на полициски извори кои раководат со спасувачката акција. Според првичните информации, бродот потонал откако удрил во...

Нападнат универзитетски кампус во Кенија

Група вооружени лица упаднале во универзитетскиот кампус во Гарисa на североистокот на Кенија, објавија кениските медиуми и полицијата, додавајќи дека напаѓачите зеле заложници и убиле најмалку двајца чувари. Кениската полиција и војска го опколиле кампусот, а размената на оган со напаѓачите трае веќе со часови....

Турција: Уапсени се девет Британци кои сакале да ѝ се придружат на ИД

Девет британски државјани се уапсени во близина на турскиот град Хатај поради сомневање дека сакале да се приклучат кон екстремистичката џихадска организација Исламска држава во Сирија, соопшти турската полиција. Полицијата не го открива идентитетот на уапсените.

Десет загинати во тешка сообраќајна несреќа во Колумбија

Десет лица загинаа, а 14 се повредени откако на еден камион му откажале сопирачките, по што удрил во најмалку четири возила на еден колумбиски автопат, соопштија локалните власти. Колумбиската полиција соопштува дека несреќата се случила ноќеска, по локално време, на автопатот кој го поврзува главниот...

Меркел: Примирјето во Украина не се применува целосно

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ситуацијата во Украина станала помирна во периодот по постигнувањето на договорот во Минск, но предупреди дека прекинот на огнот сè уште не е целосно применет. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук, на заедничката прес-конференција со Ангела Меркел во Берлин, рече дека...

Триесет и едно движење се заколнале на верност на ИД

Дваесет и едно џихадистичко движење во светот му се заколнале на верност на лидерот на Исламска држава, Абу Бакра ал-Багдади, и десет ми дале поддршка, соопшти американскиот центар кој ги следи екстремистичките групи „Интелцентар“. Според податоците на центарот, движењата се распространети од Алжир па сè...

Голем пожар на нафтена платформа во Мексиканскиот Залив

Едно лице загина, а 45 се повредени во големиот пожар кој избувна на нафтена платформа на мексиканската националната компанија „Пемекс“ во Мексиканскиот Залив. Како што јавуваат локалните медиуми, околу 300 лица од платформата се евакуирани поради пожарот кој најверојатно избил во просториите каде се сместени...

„Фокус“: Веста за прислушувањето на Борисов и на Расмусен беше првоаприлска шега

Бугарската новинска агенција „Фокус“ вечерва објави дека е првоаприлска шега веста за прислушувањето на бугарскиот премиер и на поранешниот генералниот секретар на НАТО за време на нивните посети во Скопје. „Денеска објавивме вест поврзана со најактуелниот скандал, прислушувањето. Се пошегувавме дека бугарскиот премиер Бојко Борисов...

Евакуирани повеќе од 2.000 лица поради голем пожар во Лондон

Повеќе од 2.000 лица се евакуирани во Лондон поради голем пожар кој избил во зградата на Управата за цивилно воздухопловство, соопштија локалните власти. Како што јавуваат британските медиуми, пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат огнот поради кој без електрична енергија се неколку околни згради. 2,000...

ИД упадна во бегалски камп во Дамаск

Припадниците на Исламска држава влегле во палестинскиот бегалски камп Јармук во Дамаск, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на палестински претставници. Британската телевизија јавува дека без разлика на силниот отпор на Палестинците во логорот, џихадистите успеале да заземат голем дел од логорот. Борбите и понатаму траат. Според очевидци,...

Анархисти упаднаа во предворјето на грчкиот парламент

Грчкото собрание го доживеа првиот упад во зградата од група анархисти. Група од 20-30 анархисти влегоа во предворјето на грчкиот парламент и за малку не влегоа и во холот на зградата. Анархистите расфрлаа летоци и извикуваа слогани во знак на солидарност со политичките затвореници...

Шпор: Треба многу време за да се дознае вистината за „Џерманвингс“

Директорот на компанијата „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ќе биде потребно уште многу време за да се дознае што се случило со авионот на компанијата. Шпор, кој заедно со Томас Викелман, шеф на „Џерманвингс“, ќерка-компанија на „Луфтханза“, го посети местото на трагедијата на француските Алпи,...

Два авиони на „Рајанер“ се судриле на писта во Ирска

Летовите на авиокомпанијата „Рајанер“ за Единбург и за Задар денеска доцнеа откако утринава се судрија два авиони на оваа нискобуџетна компанија, пишува „Ајриш тајмс“ на својата интернет-страница. На фотографиите што ги снимиле патници, се гледа како врвот на крилото на еден од авионите виси, а на...

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката партија на Турција

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) во Истанбул. Набргу е уапсен и нема жртви. Мажот го скршил прозорците на последниот кат на зградата во предградието Кратл, на азиската страна од Истанбул и развеал турско знаме на кое е...

Саудиска Арабија ќе испрати војска во Јемен само во случај на потреба

Копнени сили во Јемен против Хутите, ќе испрати Саудиска Арабија само во случај на потреба. - Таму може да има ограничена копнена операција, на определено место и во определено место. Но, не очекувајте автоматски да преземеме копнена операција - изјави бригадниот генерал Ахмед Асери, портпарол...

Уапсено цело семејство кое планирало да се приклучи на џихадистите

Шпанската полиција уапси четиричлено семејство, вклучувајќи и 16-годишни близнаци, кои планирале да заминат во Сирија и да станат џихадисти. Во соопштението од шпанските власти се наведува дека родителите и синовите се од мароканска националност, а се уапсени во Бадалона, во близина на Барселона. Според Министерството за надворешни работи...

Почина турскиот обвинител кој беше киднапиран

Од тешките повреди што ги доби во текот на вчерашната престрелка во судската палата во Истанбул, турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз почина во болница. Кираз беше нападнат во својата канцеларија на шестиот кат од судската зграда и земен како заложник од двајца припадници на ултралевичарска...

Заложничка драма во судот во Истанбул, киднапиран јавниот обвинител

Левичарската турска група ДХКП/Ц го држи како заложник обвинителот кој работи на случајот со 15-годишното момче кое почина откако полицијата со гас ги нападна демонстрантите. Обвинителот ја води истрагата за 15-годишниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, по девет месеци кома. Елван доби...

Смена на премиерката на Перу поради шпионирање на ривалите

Премиерката на Перу најверојатно ќе поднесе оставка откако Конгресот со мнозинство гласови ѝ изгласа недоверба поради обвиненијата дека шпионирала политички ривали. За смена на премиерката Ана Хара Валаскез, која пред помалку од година ја презеде должноста, гласале 72 пратеници, додека 42 биле против. Валаскез, која демантира...

„Анонимуси“ се заканија со „електронски холокауст“

Хакерската група „Анонимуси“ објави видеозапис во кој се заканува дека на 7 април ќе изврши „електронски холокауст“ и ќе го избрише Израел од кибер-просторот. Како што јавуваат светските медиуми, мета на нападите на „Анонимуси“ ќе бидат серверите и интернет-страниците кои ѝ припаѓаат на еврејската држава,...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...