fbpx

„Анонимуси“ се заканија со „електронски холокауст“

-

Хакерската група „Анонимуси“ објави видеозапис во кој се заканува дека на 7 април ќе изврши „електронски холокауст“ и ќе го избрише Израел од кибер-просторот.
Како што јавуваат светските медиуми, мета на нападите на „Анонимуси“ ќе бидат серверите и интернет-страниците кои ѝ припаѓаат на еврејската држава, израелската армија и на банките.

– Се враќаме за повторно да ве казниме за вашите злосторства на палестинските територии – се вели во видеопораката.

Хакерската група го обвинува официјален Тел Авив за кршење на човековите права, илегално населување, убивање цивили и за непочитување на меѓународното право, а поради тоа, во знак на солидарност со палестинскиот народ, ќе го збришат Израел од интернет-просторот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...