fbpx
Свет Страница 672

Свет

Зиберт: Нема основа за нови преговори со Грција

Нема основа за влез во преговори за нова програма за помош на Грција, изјави Штефан Зиберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел. Зиберт истакна дека од Грција зависи дали сака да остане во еврозоната, додавајќи дека Берлин чека да види во која насока ќе тргне...

Грчката лидерска средба заврши со заедничка декларација за поддршка на Ципрас

Маратонската средба на грчкиот премиер и на лидерите на сите грчки политички партии доведе до заедничка декларација која ѝ дава поддршка на грчката влада да настапи со нов предлог пред кредиторите. Декларацијата се очекува за кратко време да ја објават од премиерскиот кабинет, заедно со...

Путин бара разговор со Ципрас

Ненадејното пристигнување на министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, во претседателската палата и среде лидерската средба, разгоре информации дека рускиот претседател Владимир Путин бара директна линија со Ципрас. Според информациите, се очекува Ципрас за кратко, во текот на паузата од лидерската средба, да разговара со Путин. Неофицијално, Ципрас...

Унгарија со нов закон ги заостри правилата за азил

Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се заоструваат правилата за азил и дава правна основа за подигнување ограда долж границата со Србија, која би требало да го спречи приливот на имигранти. Со законот се скратува периодот за проверка на азилантите, а на официјална Будимшета...

Ирачки авион по грешка фрли бомба врз Багдад

Дванаесет лица загинаа откако ирачки воен авион случајно испуштил бомба над Багдад. Портпаролот на војската, Ман Ибрахим, изјави дека техничка грешка довела до тоа авионот, марка „сухој“, да се расипе и да испушти бомба. Авионот, кој е еден од неколкуте „сухои“ што ги користат ирачките сили во...

Ципрас на линија со Оланд и со Драги

Во Атина сè уште е во тек средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со лидерите на сите претставници на грчките политички партии и со претседателот Прокопис Павлопулос. Средбата трае повеќе од три часа. Пред малку имаше куса пауза поради одлуката на Ципрас и на...

Шеесет отсто од грчкиот јавен долг отпаѓа на членките од еврозоната

Јавниот долг на Грција во моментов изнесува 323 милијарди евра. Најголем удел во европскиот долг имаат земјите-членки на еврозоната, на кои отпаѓа вкупно 60 отсто од долгот. Еврозоната низ Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција ѝ позајми 141,8 милијарди евра и уште дополнителни 52,9...

Нигерија: 44 загинати во два одвоени напади

Најмалку 44 лица загинаа, а околу 70 се повредени во синоќешните два бомбашки напади на џамија и на ресторан во нигерискиот град Џос, во централниот дел на земјата, соопштија денеска нигериските власти. Првиот напад бил на џамијата „Јантај“, во моментот кога муслиманскиот свештеник повикал на...

„Ројтерс“: ЕЦБ ќе ја продолжи помошта за Грција

Грција сè уште е во исчекување на одлука од Европската централна банка за продолжување на финансиската помош преку механизмот за итна помош за ликвидност на грчките банки. Агенцијата „Ројтерс“ влеа мала надеж во Грција со информацијата дека ЕЦБ, најверојатно, нема да  ја секне помошта...

Утре вонреден самит на ЕУ посветен на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за утре свикаа вонреден самит на Европската унија, посветен на Грција. Двајцата лидери се договориле дека одлуката на грчкиот народ мора да се почитува. За исходот од референдумот, Оланд и Меркел денеска ќе разговараат во Париз. Во текот...

Пад на еврото во однос на доларот

Еврото падна за повеќе од еден отсто во однос на доларот, а и европските акции и берзите навестуваат остар пад во текот на денот. Неименувани извори од Европската централна банка, за новинската агенција „Ројтерс“ велат дека ЕЦБ најверојатно ќе го задржи досегашното ниво на ограничувања...

„Финанце“: Поранешна Европска Република Грција

Светските весници денеска насловните страници ги посветија на референдумот на Грција и на продлабочувањето на јазот меѓу официјална Атина и Европа. Меѓу најинтересните се на словенечкиот весник „Финанце“, кој во стилот на привременото име на Македонија во ОН, ја нарече Грција ФЕРОГ (Former European Republic...

Жестоки борби меѓу ирачката војска и милитантите на ИД кај Фалуџа

Ирачките шиитски борци и армиските трупи успеале да добијат предност во вчерашните жестоки борби со милитантите на Исламска држава (ИД) северно од гадот Фалуџа, но сè уште наидуваат на жесток отпор од милитантите, кои возвраќаат со самоубиствени бомбашки напади, јавуваат светските агенции, повикувајќи се...

Ципрас во трка со времето за нов договор

Грчката влада ја почнува динамично трката за постигнување договор по завршувањето на грчкиот референдум. По оставката на Јанис Варуфакис и неговата тактичка смена од позицијата министер за финансии, во моментов во претседателската палата заседава Националниот совет на политички лидери, а ќе се разговара за преговарачките...

Варуфакис поднесе оставка

Продолжува бранот драматични промени по грчкиот референдум. Министерот за финансии, Јанис Варуфакис, рано изутринава си даде оставка. Преку текст на личниот блог со наслов „Minister no more“, Варуфакис најави дека се повлекува од втората најтешка позиција во државата. Според неговата изјава, најверојатно се работи за одлука...

Ципрас бара да се свика Националниот совет на политички лидери

Грчкиот премиер Алексис Ципрас уште вечерва ќе побара од грчкиот претседател утре рано да се свика Советот на лидерите на политичките партии. Ципрас со воздржан тон истакна дека нема победници или губитници на референдумот и дека тој сам по себе е победа за државата. Најави...

Самарас си поднесе оставка

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Андонис Самарас, си поднесе оставка по силното „не“ на грчкиот народ против европските мерки. Самарас побара од премиерот Ципрас во рок од 48 часа да донесе договор за грчкиот народ за да се смири општеството и да се стави...

Варуфакис: Ќе пружиме рака за соработка со кредиторите

Грчкиот министер Јанис Варуфакис со остра реторика и со критика кон кредиторите најави дека од утре ќе разговараат со сите за да се најде заеднички јазик. Тој истакна дека ќе бараат и ќе се отворат кон соработка со кредиторите и ќе гледаат позитивно на последниот извештај...

Ципрас ги договара следните чекори, Грците слават на Синтагма

Поддржувачите на политиката на СИРИЗА гласно слават на плоштадот Синтагма, a грчката влада заседава и веќе контактира со европските лидери. Според информациите, премиерот Алексис Ципрас веќе разговарал со канцеларката Ангела Меркел во врска со нејзината утрешна средба со францускиот претседател Франсоа Оланд околу грчката ситуација....

Грција: Повеќе од 61 отсто од гласачите се против европските мерки

Грција кажа јасно „не“ на нови мерки за штедење што би ја фрлиле државата во нова рецесија. Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на околу 20 отсто избројани гласови, покажуваат дека 60,4 отсто од гласачите се против мерките, а 39,5 отсто ги поддржуваат. Оцените од...

Автопатот Скопје – Блаце заглави на првите два километра

Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница –...