fbpx

Жестоки борби меѓу ирачката војска и милитантите на ИД кај Фалуџа

-

Ирачките шиитски борци и армиските трупи успеале да добијат предност во вчерашните жестоки борби со милитантите на Исламска држава (ИД) северно од гадот Фалуџа, но сè уште наидуваат на жесток отпор од милитантите, кои возвраќаат со самоубиствени бомбашки напади, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на извори од ирачката армија и од шиитската милиција.

Владата на премиерот Хаидер ал-Абади се обидува да ги врати под ирачка контрола позициите што неодмна беа заземени од милитантите на ИД.

Инаку, Фалуџа е на околу 40 километри западно од главниот град на земјата, Багдад, и се смета за центар на вооружената сунитска опозиција, која беше во конфликт со шиитската влада уште пред ИД да ја преземе контролата над повеќето сунитски региони во Ирак, во јуни минатата година.

Портпаролот на шиитската милиција, Џафар Хусаини, изјавил дека трупите успеале да ги пресечат линиите за снабдување на ИД, на северот од Фалуџа, додека пак ирачките власти соопштиле дека ја имаат контролата над источните, јужните и над западните приоди.

„Предноста што ја освоивме денеска е клучна за излолација на терористите на ИД во градот и за пресекување на сите нивни линии за снабдување“, изјавил Хусаини, додавајќи дека од напредувањето на силите зависи кога и како ќе почне операцијата за ослободување на Фалуџа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...