fbpx
Свет Страница 673

Свет

Повредени 17 цивили во нов бомбашки напад во Кабул

Седуманесет цивили биле повредени во напад на бомбаш-самоубиец, што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, пренесуваат светските медиуми. Според информациите, бомбаш-самоубиец со возило влетал во конвој на трупи на НАТО, кој се движел по главниот пат кон аеродромот во Кабул, во близина на...

Исламисти обезглавија две жени во Сирија

Џихадистите на терористичката група Исламска држава обезглавија две жени во Сирија. Ова е првпат да биде забележано како џихадистите од ИД обезглавуваат жени цивили, велат од Опсерваторијата за човекови права во Сирија, пренесува „Ројтерс“. Жените биле погубени под обвинение дека гатале. Едната била погубена со отсекување на...

Прегреаја линиите Атина – Брисел: Можен нов предлог до кредиторите

Во Грција се шират шпекулации за можна раздвиженост на грчката влада во насока на постигнување договор во последен момент со кредиторите. Ненадејното откажување на закажаните средби на премиерот Алексис Ципрас со претставниците на грчките здруженија на трговци и на хотелиери, ненадејното откажување на владиниот брифинг...

Порошенко: Русија не спроведе ништо од договорот од Минск

Русија не спроведе ништо од договорот од Минск, потпишан на 12 февруари, изјави украинскиот претседател, Петро Порошенко, обвинувајќи ја официјална Москва дека продолжува да испраќа луѓе и пари на терористите од Донбас, на истокот во Украина. Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, Порошенко...

САД ја продолжуваат воената помош за Бахреин

Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат со воената помош за Бахреин, соопштиле претставници на властите во Вашингтон, јавува „Би-Би-Си“. Безбедносната соработка трае од 2011 година, кога заливската држава успеа да ја задуши Арапската пролет во земјата и да ги прекине масовните протести на шиитската заедница. Портпаролот...

„Ен-Би-Си“ го прекина деловниот однос со Доналд Трамп

Деловниот однос со магнатот Доналд Трамп, кој е кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, е прекинат од американската радио-телевизија „Ен-Би-Си“. Оттаму изјавија дека причината се неговите коментари за имиграцијата. „Ен-Би-Си“ соопшти дека повеќе нема да ги емитува годишните натпревари „Мис САД“ и „Мис...

Се сруши воен авион на островот Суматра, загинаа 30 лица

Триесет лица загинаа кога воен авион „херкулес Ц-130“ се срушил на индонезискиот остров Суматра, во градот Медан. Портпаролот на индонезиските воздухопловни сили, Ди Бадарманто, изјави дека авионот се срушил нешто по полноќ, само неколку минути откако полетал од аеродромот во Медан. Во авионот, кој се срушил...

Унгарската полиција со солзавец спречи тепачка на имигранти

За да прекине тепачка во камп за имигранти, унгарската полиција употребила солзавец. Настанот се случил во предградието на Дебрецин, на истокот на земјата. Нередите во кампот избиле на верска основа, кога еден од имигрантите го одзел Куранот од друг имигрант, во кој, според очевидци, имало...

Средба на Кери и на Лавров во Виена

Средба на американскиот државен секретар Џон Кери со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров е најавена за денеска во Виена. Кери и шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Франција и на Германија се во Виена, каде заедно со претставници на Европската унија, Русија и на...

Ципрас го одби новиот предлог на Јункер

Алексис Ципрас не размислува да се врати чекор назад. Грчкиот премиер уверено чекори кон одлуката за референдум в недела, со голем оптимизам и со надеж дека народот ќе му изрази поддршка и ќе му даде уште посилен мандат да бара пофер договор за Грција...

Најмалку 11 загинати во самоубиствен напад во Чад

Во главниот град на Чад, Нџамена, загинаа најмалку 11 лица, а тројца се ранети во напад на бомбаш-самоубиец. Меѓу загинатите има пет полицајци, а другите настрадани се екстремисти. Министерот за јавна безбедност на Чад, Абдерахим Биреме Хамид, за нападот ги обвини екстремистите, додавајќи дека „мозокот“ на...

Путин: Земјите од Блискиот Исток да ѝ помогнат на Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин ја повтори денеска поддршката на сирискиот претседател Башар ел Асад и апелираше до земјите од Блискиот Исток да се здружат во борбата против екстремистите на Исламска држава. Шефот на сириската дипломатија, Валид ел Моалем, имаше непланиран состонак со Путин во Кремљ,...

Папата планира да џвака листови кока за време на посетата на Боливија

Папата Франциск, наводно, побарал да џвака листови кока за време на неговата посета на Боливија, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура на Боливија, Марко Мачикао. Коката, која е сурова состојка на кокаинот, се користи на Андите, илјадници години наназад, како средство...

Ципрас одново побара Јункер и Шулц да ја продолжат програмата за Грција

Во сенка на неизвесноста и на големата народна загриженост за иднината на државата, грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска разговараше со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и со претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц. Ципрас упати директна критика до Јункер, забележувајќи дека спречувањето на правото...

Тројца загинати во пад на авион врз куќа во Бостон

Тројца патници во мал авион загинаа кога авионот се сруши на една куќа во Плејнвил, југозападно од Бостон. Авионот полетал од аеродромот „Ланкастер“ во Пенсилванија и требало да слета на „Норвуд меморијал“ во Масачусетс, но во шест часот по локално време паднал на двокатна куќа. Четиричленото што живеело во куќата...

Филмско бегство на двајца затвореници од најобезбедуваниот затвор во Индија

Двајца затвореници успеале да побегнат од најголемиот затвор со максимално обезбедување во Индија, „Тихар“, откако ископале тунел под затворските ѕидови, јавуваат локалните медиуми. Затворските власти откриле дека двајцата затвореници, кои чекале судење за провалничка кражба, ги нема, откако тие не се појавиле на прозивката во...

Државниот египетски обвинител повреден во експлозија

Египетскиот државен обвинител Хишам Баракат е повреден откако е фрлена бомба на неговото возило, а одговорност за нападот презела мала група која се нарекува „Народен отпор на Гиза“. Египетската државна новинска агенција јави дека Баракат добил полесни повреди во експлозија на бомба која погодила конвој...

ЕК: Нема нови предлози за Грција

Европската комисија нема да ѝ претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева. Комесарот за економски и за монетарни прашања на Европската унија, Пјер Московиси, претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози...

Камерон: Исламските екстремисти ѝ објавија војна на Велика Британија

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека исламските ектремисти ѝ објавиле војна на Велика Британија, наведувајќи дека од Британија ќе испрати воен транспортен авион за Тунис заради евакуција на загинатите и на повредените во терористичкиот напад во Сус. За Камерон тоа е застрашувачки напад кој...

Најмалку 11 авганистански војници убиени во заседа на талибанските милитанти

Талибански милитанти убиле најмалку 11 авганистански војници во заседа во западната провинција Херат, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од авганистанската полиција. Конвојот камиони бил нападнат вчера вечерта, во областа Карук, изјавиле службени лица. Напаѓачите украле голем дел од оружјето на местото на нападот, во кој,...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...