fbpx
Свет Европа Страница 199

Европа

Меркел: Сè уште сме далеку од потребното решение

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека договорот за прераспределба на 120.000 бегалци меѓу членките на ЕУ е далеку од тоа што е потребно за да се реши најголемата мигрантска криза по Втората светска војна. - Длабоко сум уверен дека тоа што на Европа ѝ е...

Орбан: Ако не сакате ограда, ќе ги пуштиме бегалците кон Германија

Унгарија или ќе ја заштити својата „зелена граница“ или „ако таа можност не е толку популарна“, ќе ги пропушти бегалците во правец кон Австрија или Германија, изјави во Брисел унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека мигрантите и „понатаму стигаат од Грција“. - Австрискиот канцелар изјави...

ЕУ-лидерите договорија помош за бегалците и активирање на пограничната стража

На самитот на лидери на земјите-членки на Европската унија утринава во Брисел беа усвоени серија мерки за зајакнување на контролата на надворешните европски граници и за обезбедување дополнителна помош за бегалците надвор од територијата на ЕУ. - Фокус на денешните разговори беше заштитата на надворешните...

Берлин бара продолжување на граничната контрола

Германија побара од Европската комисија да ѝ одобри продолжување на привремено воведените погранични контроли за подобро да се справи со рекордниот број мигранти, соопштија денеска од Европската комисија. Германската влада на 13 септември воведе десетдневна контрола на своите граници со Австрија и со Чешка. Во соопштението се...

Туск: Да се врати контролата на надворешните граници на ЕУ

Лидерите на ЕУ мора да ѝ помогнат на Европа да ја врати контролата над своите надворешни граници, рече денеска претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск. - Најитното прашање што мора да си го поставиме себеси вечерва е како да ја вратиме контролата над нашите надворешни граници....

Драги: Нема опасност за стабилноста на еврозоната

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, денеска изјави дека во моментот не постои опасност од финансиска нестабилност на еврозоната, која би можела да произлезе од ниските каматни стапки што се на сила во блокот на единствената валута. - Свесен сум дека многумина од вас...

Орбан: Цел свет треба да го понесе товарот со бегалците

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека целиот свет треба да го сподели товарот со сместувањето на бегалците и на мигрантите. Орбан остро се спротистави на квотите за прифаќање мигранти во рамки на ЕУ, но рече дека глобалната квота ќе биде меѓу шесте предлози што ќе...

Словачка ќе се жали на суд за обврзувачките квоти

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска соопшти дека неговата земја по судски пат ќе се обиде да ја собори одлуката на ЕУ за распоредување 120.000 азиланти во европскиот блок. Фицо рече дека Словачка ќе се жали пред надлежниот суд на ЕУ во Луксембург и повтори дека...

Во Москва отворена џамија за 10.000 верници

Ден пред Курбан-бајрам, во главниот град на Руската Федерација, повторно беше отворена централна московска џамија. На свеченоста присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на палестинските власти, Махмуд Абас, и други гости. Џамијата, позната како „Московска катедрална џамија“ или „Московска џуманска...

Хан: Отворете ги границите и стивнете ја реториката

Европскиот комесар за соседска политика, Јоханес Хан, побара од сите држави на Западен Балкан да ги отворат границите за непречен протек на стока и да ја стивнат реториката. - Ги повикувам сите земји на Западен Балкан одговорно да се однесуваат спрема мигрантите, а особено да не ги затвораат...

Могерини: ЕУ го губи угледот поради бегалската криза

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, оцени дека односот на Европската унија спрема бегалската криза ѝ штети на угледот, предупредувајќи дека може да доведе до губење на влијанието, но и на меѓународниот кредибилитет на Унијата. Според неа, дејствувањето на ЕУ...

Драма во Брисел поради дојава за бомба

Старата зграда на сојузниот парламент во Брисел е евакуирана поради дојава дека во неа е поставена бомба. Влезот на зградата го чува полицијата, додека специјални екипи со помош на кучиња ги пребаруваат внатрешниот дел на зградата, кој се користи за приеми и за слични церемонии...

За измама со лекови, во Романија се уапсени 12 лекари и фармацевти

За измами со лекарства платени од државни пари, најмалку 13 лица, меѓу кои 12 лекари и фармацевти, се уапсени во Романија. Според обвинението, нанесена е штета на државниот буџет од околу два милиони евра. Според полицијата, криминалната група била координирана од Титу Сгарчиту, кој моментално...

Земјите од ЕУ изгласаа распределба на 120.000 бегалци

Денеска европските министри за внатрешни работи и за правда донесоа одлука за распределба на 120.000 бегалци од Грција, Италија и од други земји-членки кои се директно погодени од бегалската криза, соопшти  Европската комисија. „Во согласност со оваа одлука, ЕУ сега е во позиција во наредните...

Земан: Наместо ѕид, пред бегалците да се постави жива сила

Претседателот на Чешка, Милош Земан, денеска побара на границата на земјата да се постават војници пред новиот бран бегалци и ја одби идејата на министерот за одбрана, Мартин Стропњицки, чешките воени мисии да помагаат во запирањето на мигрантите, но во Јордан. - Не сакам огради...

Схинас: Брисел е против подигнување ѕидови и огради

Брисел се противи на подигнувањето ѕидови и огради во Европа, но секоја земја има право да ги заштити своите граници – изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. На новинарско прашање како ќе реагираат сега, кога Србија најави контрамерки поради одлуката на Хрватска да...

Фабиус: Нема да праќаме копнени сили во Сирија

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус верува дека неговата земја нема да испрати копнени сили во операцијата во Сирија. - Би било незамисливо да испратиме француска војска во копнена операција во Сирија. Веројатно би биле осамени во тоа, бидејќи ниту една друга земја не...

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе заседаваат за бегалската криза

Министрите за внатрешни работи на 28 земји-членки на Европската унија ќе се сретнат во Брисел, со намера да се најде решение за бегалската криза. Се надеваат на напредок во пресрет на самитот на лидерите на земјите од Унијата, закажан за утре. Чешка, Полска, Унгарија и...

Могерини ги повика земјите од ЕУ да ги примат бегалците

Високата преставничка за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини, ги повика земјите-членки да им стават крај на недоразбирањата околу предлогот за поделба на 120.000 бегалци кои треба да се примат и тоа да го договорат на утрешната седница на министрите за внатрешни работи. Могерини,...

За 20 отсто падна вредноста на акциите на „Фолксваген“

Акциите на „Фолксваген“ утринава изгубија повеќе од 20 отсто од вредноста, што е најголем еднодневен пад во нивната историја, откако американската Агенција за заштита на средината (ЕПА) ја обвини компанијата за маскирање и за лажирање на податоците за емисија на штетни гасови. Германија најави истрага...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...