fbpx

Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имале сообраќајна несреќа

Фудбалската легенда Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имале сообраќајна несреќа во Лондон. Двајцата поминале со полесни повреди, а поголема трагедија била спречена поради активација на воздушните перничиња во автомобилот. По несреќата, тие се упатиле кон болница, од каде биле пуштени на домашно лекување.

Барселона вечерва без Андрес Иниеста

На вечерашниот меч против Валенсија, вицешампионот на Шпанија, Барселона, нема да може да смета на помошта од Андрес Иниеста. Стратегот Луис Енрике решил да не ризикува иако вчера од Шпанија соопштија дека главниот креатор на играта на „каталонците“ ќе игра барем 45 минути. Натпреварот меѓу Валенсија...

УЕФА почна дисциплинска постапка против Галатасарај

УЕФА почна дисциплинска постапка против турската екипа Галатасарај поради тоа што нејзините навивачи, на натпреварот против Андерлехт, во Младинската фудбалска лига на шампиони, предизвикаа прекин со фрлање пиротехнички средства, а потоа почнаа со националистички скандирања кон Србија и убиениот навивач на Црвена звезда, Марко...

Перо Антиќ и Аталанта ја извојуваа осмата победа во НБА

Со победата на домашен терен против Њу Орлеанс од 100-91, Аталанта ја извојува осмата победа во НБА-лигата . Перо Антиќ оствари пет поени, два скока и една асистенција, а на паркетот помина 21 минута. Најдобар во домашниот состав беше Тиг, со 26 поени. Атланта се наоѓа на петтото место, со...

Роналдињо во Кабускорп, со српски тренер

Бразилецот Роналдињо, можно е кариерата да ја продолжи во анголскиот клуб Кабускорп, каде од 1 јануари на тренерската клупа ќе седне српскиот тренер Љубомор Ристовски. Бенто Кангумба, претседателот на анголскиот клуб, каде своевремено играше уште еден славен Бразилец, Ривалдо, во изјава за португалска телевизија потврди...

НБА: Торонто ја забележа шестата последователна победа

Совладувајќи ја Атланта со 126:115, Торонто ја забележа шестата последователна победа. Перо Антиќ одигра 17 минути и забележа пет поени, три скока и една асистенција додека прв стрелец во тимот со 24 поени беше Џеф Тиг. Во Торонто, Де Мар де Розан постигна 27 поени,...

Почина австралискиот крикет-играч Фил Хјуз

Австралискиот крикет-играч Филип Хјуз почина по операција откако на натпревар на Првата австралиска лига го погодија со топка во глава. Иако Хјуз носеше заштитна кацига, од силниот удар со топка буквално падна на земја. Лекарите веднаш му укажаа брза помош, пред во бесвесна состојба да биде префрлен во...

Меси сруши нов рекорд со уште еден хет-трик

Mesi me het-trik theu rekordin e Raulit dhe u bë golashënuesi më mirë në Ligën e Kampioneve
На синојќешниот натпревар на Барселона со АПОЕЛ, Лионел Меси постигна хет-трик и го сруши рекордот на Раул за најмногу постигнати голови во Лигата на шампиони. Меси досега има постигнато 74 погодици и го надмина Раул кој имаше постигнато 71 гол. Ова за Меси беше петтиот...

Модриќ нема да се оперира

Лука Модриќ веројатно следните два месеци ќе ги мине надвор од теренот за да избегне операција. Лекарскиот тим на Реал Мадрид ја поддржа одлуката на хрватскиот репрезентативец и подготви план за закрепнување. Модриќ се повреди во Милан, играјќи за репрезентацијата против Италија. Тој го напушти теренот по...

Раубал бара оставка од Блатер

Претседателот на Германската фудбалска лига (ГФЛ), Рајнхард Раубал, го повика првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, да поднесе оставка поради доделувањето на организацијата на Светското првенство 2022 на Катар. Рубал за германскиот неделник „Кикер“ изјави дела лично контактирал со Блатер и побарал...

Кливленд ја прекина серијата порази

Екипата на Кливленд кавалирс на домашен терен го совлада тимот на Орландо меџик со 106:74 и ја прекина серијата од четири порази, благодарение на Леброн Џејмс, кој дојде до дабл-дабл учинок од 29 поени и од 11 асистенции. На спротивната страна, Виктор Оладипо запиша...

Бразил против Колумбија на Копа Америка

Копа Америка која ќе се одржи од 11 јуни до 4 јули во Чиле наредната година
Вчеравечер во Виња дел Мар, во Чиле, со ждрепка беа извлечени групите за Копа Америка, што ќе се одржи од 11 јуни до 4 јули наредната година во Чиле. Бразил за противник во групата Ц ќе ја има Колумбија со која играше во четвртфиналето на Светското првенство...

Претставени маскотите за ЛОИ и за ПОИ 2016

Маскотите ги преставуваат флората и фауната на Бразил
Организацискиот одбор ги престави маскотите за Летните олимписки игри (ЛОИ) и за Параолимписките игри (ПОИ) што ќе се одржат во 2016 во Рио де Жанеиро, Бразил. Жолтата мачка е маскотата за Летните олимписки игри, а сино-зеленото растение - Параолимписките игри. Маскотите ги преставуваат флората и фауната на...

Меси е најдобар стрелец во шпанското првенство

Меси постигна 253 погодоци во шпанското првенство
Аргентискиот фудбалер Лионел Меси се запиша во историјата како најдобар стрелец во шпанското првенство на сите времиња, со постигнати 253 гола, престигнувајќи го легендарниот Телмо Зара, кој има постигнато 251 погодок. Меси постигна хет-трик на натпреварот во кој Барселона славеше над Севилја со 5:1. Освен...

Цепелинот на Лазаров меѓу петте најубави голови во ЛШ

Вардар претрпе убедлив пораз на гостувањето во Унгарија, но македонскиот состав како утеха го има барем најубавиот погодок на овој меч. Цепелинот што го изведоа „вардарци“ во самиот финиш од мечот беше избран за втор најубав погодок во целата рунда од ЛШ, зад извонредниот гол...

Марк Гасол најзаслужен за победата на Мемфис над Клиперс

Мемфис гризлис ја забележа 12. победа во 14. натпревар од почетокот на новата сезона во НБА-лигата. Овојпат на ред дојде екипата на Лос Анџелес клиперс, која во арената „Федекс форум“ беше совладана убедливо, со 107:91. Марк Гасол постигна  30 поени и 12 скока, а двоцифрен број погодоци во домашниот тим реализираа и Ален...

Лазаров е втор стрелец на Лигата на шампиони

Mакедонскиот репрезентативец и член на Барселона, Кирил Лазаров, остана на втората позиција на листата на стрелци во Лигата на шампиони, зад Момир Илиќ од Веспрем ,откако постигна девет гола на натпреварот со Флензбург. Лазаров постигна 45, а Илиќ 47 гола. Тимур Дибиров од Вардар има постигнато 39 гола и...

Себастијан Фетел потпиша договор со Ферари

Себастијан Фетел потпиша договор со Ферари до 2017 година
Германскиот Ф1-возач Себастијан Фетел потпиша тригодишен договор и од следната сеозона ќе вози за тимот на Ферари. Истовремено, од Ферари си заминува Фернандо Алонсо, кој е најблиску до трансфер во Мекларен. - Кога бев помлад, Михаел Шумахер во црвениот болид беше мојот најголем идол и...

Мекејлеб потпиша со Баерн Минхен

Плејмејкерот потпиша едномесечен договор со Баерн Минхен
Лестер Бо Мекејлеб, македонскиот кошаркарски репрезентативец, денеска официјално потпиша договор со Баерн од Минхен. Тренерот на Баерн, Светислав Пешиќ, вели дека Бо најверојатно ќе дебитира во наредното коло од Бундес-лигата, а не утре на натпреварот со Барселона, кој е дуел од Евролигата. Плејмејкерот потпиша едномесечен...

Ф1-возачот Бјанки излезе од кома

Возачот на Марусија при сударот заработи тешки повреди на черепот
Францускиот возач во Формула 1, Жил Бјанки, денеска излезе од кома седум недели откако имаше судир со едно од возилата за отстранување на болидите на патеката „Сузука“, за време на Ф1-трката што се одржа на почетокот на октомври. Бјанки од болницата во Јапонија бил пренесен...