Себастијан Фетел потпиша договор со Ферари

Себастијан Фетел потпиша договор со Ферари до 2017 година
Себастијан Фетел потпиша договор со Ферари до 2017 година

Германскиот Ф1-возач Себастијан Фетел потпиша тригодишен договор и од следната сеозона ќе вози за тимот на Ферари. Истовремено, од Ферари си заминува Фернандо Алонсо, кој е најблиску до трансфер во Мекларен.
– Кога бев помлад, Михаел Шумахер во црвениот болид беше мојот најголем идол и сега имам една неверојатна чест конечно да возам за Ферари – рече Фетел.
Четирикратниот шампион во италијанскиот тим стигна од редовите на Ред бул, со кој славеше на 38 трки и 44 пати се избори за пол-позиција.