Македонија Страница 2063

Македонија

Пуштена во употреба нова градинка во Ѓорче Петров

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска го пуштија во употреба новиот објект за згрижување и за воспитување на деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „Росица“ . - Владата на Република Македонија е...

ВМРО-ДПМНЕ: Итна медицинска помош за решавање на проблемите на жителите на Лабуништа

Новата Итна медицинска помош во струшкото село Лабуништа ќе опслужува повеќе од 7.000 жители од ова село и 2.000 жители од околните места, рече денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска, додавајќи дека со ова се решава еден од најгорливите проблеми со кои...

Венизелос: Спорот за името нема брзо да се реши

Шефот на грчката дипломатијата Евангелос Венизелос не гледа можност за решение за спорот за името во брзо време. Венизелос во интервју за неделникот „Риал њуз“ истакнува дека поради неконструктивност од македонска страна, нема да има нови случувања и развој на настаните за побрза разврска. „Нема нов...

Стотина маршираа за повеќе толеранција

Под силно полициско обезбедување, денеска на пладне се одржа традиционалниот Марш на толеранција во организација на Хелсиншки комитет за човекови права и на невладината организација „Цивил“. Неколку десетици учесници на маршот во 5 до 12 се собраа пред Музејот на Град Скопје и преку...

Претседателот Иванов петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година, петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“. Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во...

Државно првенство за шарпланинци

Кинолошкиот сојуз на Македонија и Македонскиот клуб на овчарско куче – „Шарпланинец“ денеска ќе го одржат 16. Државно првенство за шарпланинци. Натпреварот ќе се одржи во паркот со авион во општина Аеродром.

Маршот на толеранцијата ќе почне во 5 минути до 12 часот

Хелсиншкиот комитет за човекови права, заедно со „Цивил – Центар за слобода“ и со уште десетина здруженија на граѓани, денеска, по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, ќе го одржи шестиот Марш на толеранцијата . Годинешниот марш, кој ќе почне во 11 часот и 55 минути,...

Облачно време со појава на краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со услови за краткотраен дожд во пладневните часови. Попладне и во текот на ноќта ќе има појава на повремен дожд во југозападните и источните делови на земјата. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура...

Спречен обид за шверц на 1,2 килограм хероин во пакување за сок

Царинските службеници, вчера, на граничниот премин Богородица, спречија обид за шверц на 1,2 килограм хероин, сокриен во пакувања за сок тетрапак. Како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, вчера, околу 4 часот, на влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица, се пријавил автобус со...

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува забрзаната инфраструктурна ревитализација низ Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразува силна поддршка на политиката за забрзана и засилена инфраструктурна ревитализација низ Македонија, изјави Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија. Ѓорчев потсети дека во изборната програма, проектите од инфраструктурата беа наведени како приоритети и оти ќе продолжат со реализација...

СДСМ: Прилепската болница е без греење и без топла вода

Опозицискиот СДСМ денеска соопшти дека во прилепската болница „Борка Талески“ нема греење и топла вода, ниту во болничките соби, ниту во амбулантите, ниту во операционите сали. - Сметката на болницата е блокирана за долг од околу 120 милиони денари, набавката на мамограф за рано откривање...

Дипломатите оценија: Спорот за името е главна пречка во евроинтеграциските процеси

Спорот за името со Грција е најважното прашање што Македонија мора да го реши бидејќи тоа е најголемиот проблем што ја сопира државата во процесот на пристапот кон члество во Европска Унија. Ова е генералниот заклучок од дебатата на тема „Евроинтеграциските процеси на Република Македонија од гледиштето...

Ноќна атлетска улична трка по повод 13 Номеври

Градот Скопје утре, по повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, ја организира традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје. Почетокот на трката е закажан за 16.30 часот на Плоштадот Македонија (пред фонтана „Воин на коњ“), а стартот ќе го означи градоначалникот...

Втор ден од шаховскиот турнир за слепи и за лица со оштетен вид

Во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“, денеска продолжува 42. традиционален „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“. Шахистите ги посети и ги поздрави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто на годинешните учесници им посака успешен турнир. - Оваа...

Задолжително носење зимска опрема во возилата

Од денеска почнува примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и за работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место. Законската обврска ќе биде на сила во периодот од 15 ноември до 15 март...

Сончево време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, со услови за појава на слаба магла во котлините во утринските часови. Попладне ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четвртиот Целзиусов степен, а максималната ќе достигне 19 степени. Во Скопје времето ќе биде умерено...

Врнежливо време за викендот

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени слаби врнежи од дожд во утринските часови, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува и врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи...

СДСМ: Груевски не одговори на ниту едно прашање

Ставрески и Груевски дури ни скриени зад соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, не можат да ги отфрлат како неточни сомнежите дали постојат и други наводни странски инвеститори, за каков што што го прогласија нивниот близок партнер Субрата Рој, порача СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната прес-конференција...

Првите цигари од прилепски „Филип Морис“ од идната недела

Една од трите водечки меѓународни марки на „Филип Морис“ излезе од производствените погони во Прилеп. Цигарите веќе од идната недела ќе можат да се најдат во малопродажба. Домашното производство почна два месеца откако „Филип Морис - Тутунски комбинат Прилеп“, заедничката фирма на двете компании, стана целосно оперативна. „Филип Морис“...

„Баланс МК“ побара оставка од министерот за здравство

Oд Асоцијацијата за детски дијабет „Баланс МК“  денеска побараа оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, огорчени од неговите последни одлуки кои, според нив, предизвикаа инсулинска криза. Надозволиво е, велат оттаму, постојано да се враќаат чекор назад во битката со дијабетот и да се соочуваат со...

Николоски пред министрите за транспорт на ЕУ: Коридорот 10 приоритет, Коридорот 8 со „технички предизвици“

Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека на министерскиот состанок со министрите за транспорт на Европската Унија зборувал за крупните инфраструктурни проекти кои се реализираат во државата. Меѓу другото,...